На следниот линк можете да ги погледнете сите документи за годишното собрание. ЛИНК
Инвестираме во модернизација и проширување на производните капацитети

Огласи за вработување – Реплек Фарм
На следниот линк можете да ги видите моментално отворените работни позиции
Реплек во работна посета на Стопанската комора
На средбата, беше разговарано за новите можности за ширење на бизнис соработката на Реплек во регионот на Западен Балкан. Истата би се реализирала преку активностите на Стопанската комора, која е единствената бизнис асоцијација од државата членка на ЗБ6 (6 партнерски...
Скопје, 13.04.2022 – Со цел да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот, инвестираме во нови технологии и ги прошируваме производните капацитети.
Денес свечено беше отворен новиот погон, кој се протега на површина од 600 м2, во чија изградба се вложени три милиони евра. Новиот погон ќе овозможи двојно зголемување на капацитетот за производство на полуцврсти дозажни форми и за 30 отсто зголемување на капацитетот за производство на течни дозажни форми, што ќе ја овозможи реализацијата на нашиот стратешки план во освојување на нови пазари.
На отворањето на погонот, покрај претседателот на Управниот одбор Душан Пецовски, се обратија и Министерот за здравство Др. Беким Сали, Деканот на Фармацевтскиот факултет Проф. Зоран Стерјев и амбасадорот на Република Австрија Др. Георг Вуцас, истакнувајќи го значењето на економскиот аспект на ваквите инвестии како и важноста на соработката со високообразовните институции, во насока на подобрување на едукацијата на стручни кадри и унапредување на научно истражувачката дејност во услови на брз технолошки развој.

Работни часови
Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00