fbpx

Медицинскиот канабис би можел да помогне во борбата против ковид-19

Мај 7, 2020

Инвестираме во модернизација и проширување на производните капацитети

Скопје, 13.04.2022 - Со цел да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот, инвестираме во нови технологии и ги прошируваме производните капацитети. Денес свечено беше отворен новиот погон, кој се протега на површина од 600 м2, во чија изградба се вложени три милиони...

Јавен повик

На следниот линк можете да ги погледнете сите документи за годишното собрание. ЛИНК

Податоците собирани во тек на четиригодишните истражувања на канадскиот универзитет Летбриџ (University of Lethbridge -College & University in Lethbridge, Alberta, Canada), ветуваат дека одредени екстракти од канабис може да помогнат во превенција на ковид-19.

Истажувачите Олга и Игор Ковалчук ги испитуваат ефектите на медицинскиот канабис од 2015 година. Покрај ефектот на канабисот при стрес, воспалителни состојби, дебелина и канцер, тие објаснуваат дека ЦБД преку врзување со одредени рецептори (АСЕ2) може да го спречи навлегувањето на вирусот во клетките.

„ACE2 рецепторот е клучен за врзување, навлегување и реплицирање на вирусот во организмот. Со противвоспалителниот ефект на канабисот овој процес може да се успори со што би се намалило ширењето на вирусот во организмот“.

Како што наведваат истражувачите, важно е екстрактот од канабис да содржи висока концентрација на ЦБД (канабидиол, CBD), без или со минимално присуство на ТХЦ (тетрахидроканабинол, THC).

„Следен чекор е спроведување на клинички студии, но сепак, имајќи ги предвид моменталната епидемиолошка состојба и брзината на ширење на вирусот, треба  да ги искористиме сите потенцијални терапевтски можности во борба против коронавирусот”, истакнуваат истражувачите.

Текстот е преземен од MKD.MK, бидејќи првично беше објавен тука.

Оргинално објавен на https://calgary.ctvnews.ca/mobile/southern-alberta-researchers-say-medical-cannabis-could-help-fight-covid-19-1.4906249

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

РЕПЛЕК АД
КАНОИЛ

Работни часови

Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00