Скопје, 13.04.2022 - Со цел да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот, инвестираме во нови технологии и ги прошируваме производните капацитети. Денес свечено беше отворен новиот погон, кој се протега на површина од 600 м2, во чија изградба се вложени три милиони...
За прв пат во Македонија, иновативна природна козметика со екстракт од канабис богат со канабидиол (ЦБД)

Јавен повик
На следниот линк можете да ги погледнете сите документи за годишното собрание. ЛИНК
Огласи за вработување – Реплек Фарм
На следниот линк можете да ги видите моментално отворените работни позиции
За прв пат во Македонија, иновативна природна козметика со екстракт од канабис богат со канабидиол (ЦБД)
Што ги издвојува новите производи од линијата Канабо?
Канабидиол или ЦБД, присутен во екстрактот од канабис, покрај многубројните позитивни ефекти на здравјето има подмладувачки и смирувачки ефект на кожата. Ова се должи на големата распространетост на канабиноидните рецептори на површината на кожата. Токму поради ова и поради најновите светски сознанија кои го потврдуваат и детокс ефектот на ЦБД, ги создадовме Канабо, иновативните производи за нега на кожата.
Веќе постојат многубројни производи со масло од канабис, кои не ја содржат оваа вредна компонента, канабидиол т.е. ЦБД во својот состав. Тие содржат само масло од семето на канабис, растително масло кое најчесто се користи во исхраната, во кое нема ЦБД.
Како ЦБД делува на кожата?
Во согласност со современите светски трендови ја создадовме линијата Канабо за зачувување на здравиот и млад изглед на кожата. Во ова време на зголемено загадување на воздухот кога 90% од популацијата е секојдневно изложена на токсични органски и неоргански загадувачи,смог во воздухот, штетни ПМ честички и висок коефициент на УВ зрачење, кои доведуваат до предвремено стареење на кожата, Канабо линијата обезбедува сигурна заштита од предвремено стареење на кожата преку својот детокс ефект. Дополнително, обезбедува хидратација и регенерација, како и смирувачки ефект при појава на црвенило и иритации.
Која е тајната за ефикасноста на Канабо производите?
Природен состав и висококвалитетни состојки.
Покрај природниот ЦБД, Канабо производите содржат и природни растителни екстракти (невен, арника, бадем, кантарион), витамини (А, Е, пантенол) и подмладувачки состојки (хијалурон, колаген, ретинол), во зависност од намената на секој поединечен производ.
Производи за нега на лице со ЦБД
Cannabo day cream Cannabo night cream Cannabo lip balm
Аnti-age +Детокс + Хидратација
Производи за нега на тело со ЦБД
Cannabo hand cream Cannabo body lotion Cannabo body oil
Детокс + Хидратација + Регенерација
Медицински креми за третман на воспалена кожа при херпес и хемороиди
Cannabo herp lip balm Cannabo hemor cream
Противвоспалитетен ефект + Заштита + Регенерација
КАНАБО иновативна формулација за нега со природен канабидиол (ЦБД)
ЗА ЗДРАВА И СJАЈНА КОЖА

Работни часови
Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00