Инвестираме во нови технологии и ги прошируваме производните капацитети.

Replek

септември 16, 2022

Денес свечено беше отворен новиот погон, кој се протега на површина од 600 м2, во чија изградба се вложени три милиони евра. Новиот погон ќе овозможи двојно зголемување на капацитетот за производство на полуцврсти дозажни форми и за 30 отсто зголемување на капацитетот за производство на течни дозажни форми, што ќе ја овозможи реализацијата на нашиот стратешки план во освојување на нови пазари. 

 

На отворањето на погонот, покрај претседателот на Управниот одбор Душан Пецовски, се обратија и Министерот за здравство Др. Беким Сали, Деканот на Фармацевтскиот факултет Проф. Зоран Стерјев и амбасадорот на Република Австрија Др. Георг Вуцас, истакнувајќи го значењето на економскиот аспект на ваквите инвестии како и важноста на соработката со високообразовните институции, во насока на подобрување на едукацијата на стручни кадри и унапредување на научно истражувачката дејност во услови на брз технолошки развој.  

 

 

Слични артикли

Панче Гелевски: Реплек гради успешна приказна пресретнувајќи ги потребите на современиот човек

Реплек на Конгрес за фармацевти

Приватно здравствено осигурување во Реплек