Панче Гелевски: Реплек гради успешна приказна пресретнувајќи ги потребите на современиот човек

Панче Гелевски – Директор на продажба и  маркетинг,

Член на Управен Одбор на Реплек АД  

Скоро една година сте дел од менаџерскиот тим на Реплек, тим кој најави промени и освежување во работењето на компанијата. Кажете ни кои се клучните промени во вашиот сегмент од работењето?

Во ерата на знаење, идеите се основа за било кој успех. Може да ја имате најдобрата идеа на светот, ама ако не успеете да ги убедите луѓето околу вас да ја следат вашата визија, не сте успеале. Така е и со промените во Реплек. Тука сме кај што сме, поради луѓето кои се околу нас. Приказната која ја градиме заедно, идејата која ја имавме на почетокот за Реплек, сега е веќе стратегија и дел од корпоративната култура.

Промените кои ги започнавме како тим, креираа една компанија која е отворена во и надвор од своите канцаларии, компанија која се залага за добросостојба на сите учесници во процесот, компанија која има визија да стане најдоборото од Македонија.

Нашата визија е да реализираме процес на трансформација на сите активности во компанијата и да создадеме нови вредности за нашата компанија, трансформација која ќе ги пресретне потребите на пазарот. Стратешкиот пристап ни овозможи овој процес да ги вклучи сите наши вработени, кои се клучни за успех на компанијата. Нашата стратегија е долгорочна и заедно постигнавме значителни резултати за една година.

Искрено верувам дека способноста за имплементирање на промени е клуч за успех и на личен и на колективен план. Токму тоа беше и главниот мотив заради што станав дел од тимот на Реплек, компанија која има огромен потенцијал, квалитет, знаење и искуство. Во изминатата година посветено работевме со утврдување на нашите најголеми адути. Анализиравме како најдобро да ги искористиме пазарните трендови и можности за да ги подобриме нашите позиции на пазарите.

 

Какви се вашите позиции на домашниот пазар?

Секој пазар си носи свои специфики и предизвици. Домашниот пазар во последен период се карактеризира со една значително интересна компонента. Имено домашните потрошувачи се многу информирани и едуцирани, па оттука изборот за тоа што ќе користат од фармацевтската понуда го прават на база на прочитани студии, се консултации со повеќе од еден доктор, разменуваат искуства, сакаат да ги слушнат сите страни. Тоа укажува на потребата од пласман на информации за нашето портфолио кое што го карактеризира широка палета, на одлични производи за кои треба што повеќе да ги информираме потрошувачите. Тоа е предизвик на кој сме посветени. Реплек во тој процес има добри позиции бидејќи и досега има изградено доверба со потрошувачите на пазарот. Ние нудиме квалитет по пристапни цени,  македонски бренд, по европски стандарди. Успеваме да ги зајакнеме  позициите на  Реплек како домашна компанија и долгорочната стратегија на домашниот пазар е да работиме на зголемување и подобрување на нашите производствени капацитети, но и да ја прошириме понудата со производи кои ќе помогнат во одржување на општата здравствена добросостојба на потрошувачите согласно навиките во модерниот начин на живеење. Мислам дека не постои домаќинство кое го немало Вентор гелот во својата домашна аптека.  Во таа насока направивме и конкретни чекори, на пазарот го пласиравме производот Колосал, препарат за иритабилен колон. Ова е само почеток, во завршна фаза е пласманот на уште неколку стратешки производи кои ќе не овозможат силна афирмација на домашниот пазар.

 

Се повеќе станува популарен здравиот начин на живот и здравите навики. Фармацевтските компании се повеќе нудат производи кои имаат функција на подобрување на човековото здравје. Дали Реплек размислува во таа насока?

Да, овој тренд на пазарот е во нашиот фокусот и го имаме предвид при дефинирање на нашите стратешки активности. На овој аспект алудира и нашиот слоган – „За мое добро!“. Работиме во насока на креирање на еден уникатен пристап – Реплек, вашата домашна аптека. Сакаме да создадеме цел сегмент на производи кои ќе му помогнат на современиот човек да ги задоволи своите потреби за одржување на својата виталност, но и да влијаеме врз изградба на нов животен стил. Ние целиме кон тоа, Реплек да биде лидер на домашниот пазар во овој сегмент и имаме план како да го постигнеме тоа.

 

Опсервер: Панче Гелевски: Реплек гради успешна приказна пресретнувајќи ги потребите на современиот човек | opserver.mk

Реплек на Конгрес за фармацевти

Новините и стручното усовршување се интегрален дел од нашето работење.
Денес во Охрид, започна 7от Конгрес на фармацевти. На овој конгрес, Реплек ќе одржи два симпозиума – “Приказната за медицинскиот канабис” предавач Milan Risteski и “Синдром на иритабилно црево и можни терапевтски опции” предавач Vladimir Andreevski. Во делот на учество од вработените, нашите вработени се претставија со вкупно 13 постер презентации.

Приватно здравствено осигурување во Реплек

Добросостојбата започнува од нашите вработени, без фокус кон нивниот напредок и без грижа за вработените, не постои компанија која може да ги остварува своите цели. Реплек потпиша договор со Sava osiguruvanje ad Skopje за сите свои сегашни и идни вработени, за приватно здравствено осигурување. Изборот на компанијата ни беше особено важен, сакавме да одбереме компанија која е водач на пазарот, компанија која се вклопува во креирањето на нашата мисија – добросостојба.
Со овој договор, Реплек уште еднаш ја потврдува праксата за грижа на вработените!

Грижата за најмладите, е наша обврска!

Грижата за најмладите, е наша обврска!

На 16-ти септември 2022 година, Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски подели 100 решенија за еднократна помош на новороденчиња. Реплек донираше пакети со производи, за овие семејствата.

Реплек во акција со Social Friday Activity

Постигнуваме заедно!

На 30ти септември се приклучивме кон акцијата на Social Friday Activity. Нашите доброволци, се приклучија на екипата од пунктот за бездомници во Момин Поток. Помагаа во кантината, разговараа со бездомниците, ги поделија донациите во лекови, облека и хигиенски препарати.

Реплек и Проект Среќа во акција со Social Friday Activity

Како поединци можеме многу, како тим можеме сѐ!
За поубава и посигурна иднина!

На наше огромно задоволство, втор пат бевме дел од хуманитарна активност, под мотото „Social Friday is the New Black“.
Нашиот тим и тимот на Проект Среќа, заедно пакуваа пакети со донација, а дополнително испративме и наши производи за силен имунитет и одлично здравје.

Реплек во соработkа со Coach

Реплек постојано вложува во развојот и напредокoт на своите вработени и инвестира во идни вредни проекти за подобрување на работната средина.

Соработката со Coach Microlearning дигиталната платформа овозможи интерактивна обука со над 1000 прашања за продуктните каректеристики на лековите на Реплек, како и прашања околу пласирање на пазарот, предности во однос на конкуретни и слично.

Крајната цел на оваа и сите идни обуки е поголема продуктивност, ангажман на вработените, посилна компаниска култура и зголеменo задоволство и лојалност на вработените.

Реплек на CPHI

И оваа година, од 1 до 3 ноември се одржа еден од најголемите фармацевтски саеми CPHI во Франкфурт.
Реплек за прв пат се појави како изложувач на овој саем. На штандот беа одржани состаноци со многу потенцијални клиенти, потенцијални нови пазари како и средби со постоечки клиенти.
Оваа можност за Реплек значи потврда на позицијата како реномирана компанија фокусирана кон отварање на нови пазари и креирање на поинаква бизнис приказна.

Кризниот штаб во посета на Реплек

Бевме домаќини на Кризниот штаб на Стопанската комора на Северна Македонија, на тема мерки за справување со енергетстката криза и теми од стопанството кои се секако добредојдени за Реплек.

Како голем производител и извозник, имаме значајна улога во македонската економија. Справувањето со енергетската криза е секако во наш фокус, и благодарни сме на поддршката и иницијативата од СКСМ.

Mодернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија

„Ме радува препознатливоста на новата енергија, на новиот тим. Реплек е успешна компанија со долгогодишна традиција на добри резултати и талентирани кадри и поседува огромен потенцијал. Дефинитивно се гледаме во врвот на берзата не само затоа што сакаме да бидеме таму туку поради можностите што ги нуди”, изјави Душан Пецовски на денешната Тркалезна маса на тема “Излегување на берза – зошто никој не го “крши мразот” организирана од Македонска берза/Macedonian Stock Exchange.

Погледни го целото видео на: https://lnkd.in/dgJFBydX (20221123_115738 

По инвестициите во нов погон за производство, го продолжуваме развојниот циклус во модернизација на работењето и имплементација на иновативни решенија. Дел од производството на компанијата ќе се снабдува со обновлива енергија преку новата фотоволтаична (соларна) централа чија изградба е целосно финализирана. Во овој значаен проект инвестиравме 43 милиони денари, а инсталираната моќност изнесува 948.29 kWp. Со оваа инвестиција над 40% од вкупната потрошувачка на електричната енергија ќе ја замениме со сончева обновлива енергија. За значењето на инвестицијата, и стратегијата за градење на зелен бизнис следете нѐ.