Нашата приказна

Реплек е компанија која 77 години гради успешна приказна, на македонскиот пазар но и на меѓунарoдниот пазар. Низ годините се менуваме, иновиравме и креиравме синергија од различни искуства, растевме заедно со нашите вработени. Денес, броиме 400 високо квалификувани вработени, ентузијасти водени од визијата на успешност, квалитет и производи кои се препознатливи.

Нашата стратегија

Фокусирани сме кон креирање на производи кои имаат за цел да овозможат подолг и подобар квалитет на животот. Сите работни процеси се во рамки на етичкото работење, работење со највисоки стандарди како и согласно новите потреби од модерниот начин за живот. Тежнееме да креираме индивидуален пристап за нашите корисници. Тежнееме да креираме добросостојба.

Нашата визија е секогаш да ги пратиме потребите на нашите корисници, да ги следиме нивните животни навики, да креираме заеднички подобра иднина. Сето ова го правиме со огромна страст кон работата, кон истражувањето и со голема храброст да ги исполниме вашите очекувања.

Веќе 77 години, посветено работиме на производи кои се присутни во сечие секојдневие. Притоа инвестираме во поголеми и подобри капацитети, превземаме ризици и наоѓаме нови иновативни решенија за да понудиме подобар и поквалитетен живот, полесно завршување на секојдневните обврски, повеќе енергија, повеќе квалитетно време со вашите најмили.

Работиме денес, за нашата заедничка добросостојба!

Нашето работење

Работењето на Реплек претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето. Секогаш сме отворени за нови идеи, го цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените. Ја цениме секоја храбра идеа, го поддржуваме секој иновативен исчекор. Се позиционираме да оствариме лидерска позиција на домашниот пазар како и на меѓународните пазари. Реплек остварува одлични резултати низ годините, на домашниот пазар како и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји ширум светот.

Нашите клучни активности се:

• Развој и истражување
• Производство
• Регистрација и позиционирање на производи на постоечки и на нови пазари
• Складиштење и дистрибуција
• Маркетинг поддршка за нови производи
• CRM

Запознај се со тимот

Душан Пецовски

Генерален Директор
Претседател на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Предизвиците, можноста за раст, секојдневните комуникации со луѓето. Визијата и вредностите кои ги градиме.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Не го постигнувам балансот, но се трудам. Пешачење и скијање.

 

Кое е вашето мото?

Цел без план, е само желба.

Коста Котески

Директор на Снабдување и Комерција / Заменик Генерален Директор
Член на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Синергијата од претходни искуства и научени лекции, можноста за раст.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Велосипедизам, скијање и трчање

 

Кое е вашето мото?

Ограничувања постојат, само ако ги креираш.

 

Марјан Велковски

Директор на Оператива
Член на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Влијанието кое го имаме во секојдневието. Можноста за креирање на подобра иднина.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Трчање, планинарење, пливање и сите индивидуални спортови ми се секогаш предизвик.

 

Кое е вашето мото?

Не можеш да ја победиш личноста, која никогаш не се откажува.

Панче Гелевски

Директор на Продажба и Маркетинг
Член на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Тимот, желбата и визијата да се гледа напред.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Алпинизам, здрава храна од нашата кантина и многу смеење.

 

Кое е вашето мото?

Секогаш се чини невозможно, се додека не се заврши.

Дојранка Анастасовска Цветковска

Директор на Човечки Ресурси

Што ве инспирира на работното место?

Ме инспирираат луѓето, нивните идеи за подобрување а особенo кога ќе видам промена во поглед на нивното размислување и делување .

 

Како се грижите за вашето здравје?

Витамини, сонце и вода.

 

Кое е вашето мото?

Промените се случуваат, прифати ги како предизвик и извлечи го најдоброто.