ПРОЦЕСИ
Процеси
Сите наши процеси, започнувајќи од производството, осигурувањето на квалитет, истражувањето и развојот, и завршувајќи со регулаторните активности, се еднакво важни за нас. Тие ни овозможуваат сигурност дека нашите производи се со врвен квалитет, во согласност со најновите регулативи и закони.
Истражување и Развој
Сите активности во нашето одделение за истражување и развој се изведуваат со една цел – развој и создавање на безбедни и ефикасни лекови со висок квалитет.
Производство
Сите процеси на производство во „Реплек Фарм“ – Скопје се извршуваат според јасно дефинирани процедури предодредени со стандардите за Добра производна пракса.
Производство на екстракти и производи од канабис за медицински цели
Произведуваме природни висококвалитетни екстракти од канабис вградени во различни фармацевтски дозирани форми, во согласност со високите стандарди на фармацевтската индустрија, за што поседуваме и Сертификат за сообразност на производител со GMP нормите.
Контрола на Квалитет
Нашите лаборатории се опремени со најсовремени, софистицирани инструменти, со цел да се задоволат потребите на современите трендови во фармацијата.
Обезбедување на Квалитет
Континуираните инвестиции во нашиот систем за контрола на квалитетот овозможуваат највисок квалитет на нашите производи и ги обезбедуваат највисоките барања за безбедност и ефикасност.
Регулаторни Активности
Секторот за регулаторни активности ги следи и имплементира сите регулативи и закони врзани за нашите производи на пазарите каде сме присутни.

Работни часови
Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00