Форвита® Д3®

Cholecalciferol (Vitamin D3)

Придонесува за:

  • Нормален раст и развој на коските
  • Одржување на нормална функција на имуниот систем и соодветен одговор при воспалителни процеси
  • Одржување на здрави коски и заби
  • Одржување на нормална мускулна функција
  • Нормална апсорбција и искористување на калциум и фосфор, како и одржување на нормални концентрации на калциум во крвта
  • Нормална клеточна делба

Пакување:

Филм-обложени таблети 4000 IU

Начин на издавање:

Се издава без рецепт

Код на производот:


Форвита® Д3

Cholecalciferol (Vitamin D3)

Придонесува за:

  • Нормален раст и развој на коските
  • Одржување на нормална функција на имуниот систем и соодветен одговор при воспалителни процеси
  • Одржување на здрави коски и заби
  • Одржување на нормална мускулна функција
  • Нормална апсорбција и искористување на калциум и фосфор, како и одржување на нормални концентрации на калциум во крвта
  • Нормална клеточна делба

Type:

Филм-обложени таблети 4000 IU

Condition:

Се издава без рецепт

Code:


Општи податоци

Витаминот Д е липосолубилен витамин кој се создава во организмот со изложување на ултравиолетови (УВ) зраци од сончевата светлина, со внесување во организмот преку одредени видови на храна во форма на витамин D3 (Cholecalciferol) или витамин D2 (Ergocalciferol),  како и со додатоци на исхраната.

Основна физиолошка функција на витамин Д е одржување на серумските концентрации на калциум и фосфор на ниво кое ги поддржува клеточните процеси, невромускулната функција и формирањето на коските, со што витаминот Д има важна улога во растот и развојот, нормалната минерализација и одржувањето на коските и забите. Исто така, витаминот Д е значаен за нормалната функција на мускулите. Овој витамин има важна функција во регулирањето на делбата и диференцијацијата на клетките.

Витаминот Д има важна улога во регулирање на функционирањето на имуниот систем и имуниот одговор.

Особено важно е да се обрне внимание на соодветен внес на витамин Д во периодите од годината кога е намалена изложеноста на УВ зраците и сончевите периоди кои се важни за создавање на витамин Д во организмот. Исто така, соодветно внесување на овој витамин е важно кај деца во период на раст и развој.

Витаминот Д е значаен и за постарите лица, кај кои овој витамин може да го намали ризикот од паѓање, а со тоа и ризикот за фрактури на коските.

Користење

Возрасни над 18 години: една филм-обложена таблета од 100 μg (4000 IU) дневно.

Важно пред користење

Состав

Една филм-обложена таблета содржи 100 μg Витамин D3 (Cholecalciferol) што е еквивалентно на 4000 IU

Не содржи: шеќер, вештачки бои, ароми и засладувачи, глутен,  лактоза, конзерванси, натриум.

Пакување

100 филм-обложени таблети во пластичен контејнер со пластично капаче безбедно за деца.

Витаминот Д е липосолубилен витамин кој се создава во организмот со изложување на ултравиолетови (УВ) зраци од сончевата светлина, со внесување во организмот преку одредени видови на храна во форма на витамин D3 (Cholecalciferol) или витамин D2 (Ergocalciferol),  како и со додатоци на исхраната.

Основна физиолошка функција на витамин Д е одржување на серумските концентрации на калциум и фосфор на ниво кое ги поддржува клеточните процеси, невромускулната функција и формирањето на коските, со што витаминот Д има важна улога во растот и развојот, нормалната минерализација и одржувањето на коските и забите. Исто така, витаминот Д е значаен за нормалната функција на мускулите. Овој витамин има важна функција во регулирањето на делбата и диференцијацијата на клетките.

Витаминот Д има важна улога во регулирање на функционирањето на имуниот систем и имуниот одговор.

Особено важно е да се обрне внимание на соодветен внес на витамин Д во периодите од годината кога е намалена изложеноста на УВ зраците и сончевите периоди кои се важни за создавање на витамин Д во организмот. Исто така, соодветно внесување на овој витамин е важно кај деца во период на раст и развој.

Витаминот Д е значаен и за постарите лица, кај кои овој витамин може да го намали ризикот од паѓање, а со тоа и ризикот за фрактури на коските.

Слични производи