CANNABO Cellugel plus антицелулитен гел®


Пакување:

150 ml антицелулитен гел

Начин на издавање:

Код на производот:


CANNABO Cellugel plus антицелулитен гел


Type:

150 ml антицелулитен гел

Condition:

Code:


Општи податоци

CANNABO Cellugel plus, содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди. CANNABO Cellugel plus, не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%. Кожата е најголемиот орган во кој се наоѓаат структури кои имаат модулаторно влијание на локалниот проток на крвта и лимфата, на функцијата на потните жлезди, имуниот одговор и одговорот при воспаленија. Во површинскиот слој на кожата (епидермис) се наоѓаат рецептори на ендоканабиноидниот систем за кои се врзува CBD при што се манифестира противвоспалително и/или имуномодулаторно дејство. Покрај тоа, CBD манифестира и силни антиоксидативни својства и преку неутрализирање на слободните радикали може да помогне во намалување на оштетување на клетките, посебно на сврзното ткиво и ѕидот на крвните садови, со што се намалуваат воспалителните процеси на кожата. Целулитот се создава како резултат на намалена микроциркулација во поткожното ткиво, задршка на течности со нарушување на структурата на сврзното ткиво и депонирање на масти, при што кожата станува груба и нерамна. Појавата на целулит, пред сè како естетски проблем, може да биде предизвикана од различни причини кои водат до нарушување на микроциркулацијата: промена во хормонската регулација, нередовна и неправилна исхрана и физичка неактивнот, пушење, консумирање на аклохол и друго. CANNABO Cellugel plus е иновативна формулација за намалување, отстранување и спречување на појавата на целулитот, како и за детоксикација и ревитализација на структурата на кожата со знаци на целулит. Со употреба на CANNABO Cellugel plus се подобрува микроциркулацијата, пропустливоста на крвните капилари и структурата на сврзното ткиво со што може да се постигне измазнет изглед на кожата. Оваа формулација содржи CBD (Канабидиол) и екстракти од бршлен, див костен, семе од винова лоза, готу кола, кофеин и витамин Е во избалансиран сооднос. Екстрактот од бршлен (Hedera helix) содржи хедерагенин, кој ја подобрува циркулацијата и може да помогне во намалување на отокот. Готу кола (Centella asiatica) помага во подобрување на крвната циркулација и зајакнување на капиларите. Дивиот костен (Aesculus hippocastanum) може да даде позитивни ефекти на лимфната дренажа и да помогне во намалување на отокот, црвенилото и чувството на надуеност. Екстрактот од семе од винова лоза (Vitis vinifera) содржи олигомерен проантоцианидин – еден од најсилните природни антиоксиданси кој го намалува задржувањето на течностите, ја подобрува циркулацијата, а посебно делува во одржувањето на еластичноста на кожата. Кофеинот ги активира ензимите кои ги разградуваат мастите во ткивата опфатени со целулит. Исто така, кофеинот помага да се спречи формирање на нови масни наслаги, ја подобрува цврстината на кожата и ја враќа нејзината еластичност. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. CANNABO Cellugel plus иновативната формулација, со противвоспалителното и антиоксидативното дејство на CBD, дополнето со дејството на екстрактите од бршлен, готу кола, див костен и семе од винова лоза, ја штити и детоксицира кожата, ја задржува нејзината влажност, ги зацврстува контурите и допринесува за ревитализација на структурата на кожата со знаци на целулит.

Користење

CANNABO Cellugel plus се аплицира два пати на ден на критичните делови од телото на кои има појава на целулит. Гелот се аплицира со кружни континуирани движења во времетраење од 30-60 секунди. При употреба на гелот може да се појави црвенило на кожата и благо пецкање поради делување на составните компоненти, а не поради пречувствителност. Ова чувство исчезнува за кратко време. При употреба, треба да се избегнува контакт со очи. CANNABO Cellugel plus е наменет само за надворешна употреба.

Важно пред користење

CANNABO Cellugel plus не треба да се употребува на оштетена кожа или кожа со ранички. CANNABO Cellugel plus не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на антицелулитниот гел.

Состав

150 ml CANNABO Cellugel plus антицелулитниот гел содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 150 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

Природен CBD преку антиоксидативното дејство помага во намалување на оштетување на клетките, посебно на сврзното ткиво, ѕидот на крвните садови и ги намалува воспалителните процеси во кожата.

Екстракт од бршлен ја подобрува циркулацијата и го намалува отокот.

Готу кола ја подобрува циркулацијата и ги зајакнува капиларите.

Див костен ја подобрува лимфната дренажа, го поттикнува отстранувањето на токсините и го намалува чувството на надуеност.

Екстракт од семе од винова лоза го намалува задржувањето на течностите, ја подобрува циркулацијата и еластичноста на кожата.

Кофеин ги активира ензимите кои ги разградуваат мастите во ткивата опфатени со целулит и помага да се спречи формирање на нови масни наслаги, ја подобрува цврстината на кожата и ја враќа нејзината еластичност.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна, ја измазнува и омекнува кожата.

Пакување

Кутија со туба со 150 ml антицелулитен гел

CANNABO Cellugel plus, содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди. CANNABO Cellugel plus, не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%. Кожата е најголемиот орган во кој се наоѓаат структури кои имаат модулаторно влијание на локалниот проток на крвта и лимфата, на функцијата на потните жлезди, имуниот одговор и одговорот при воспаленија. Во површинскиот слој на кожата (епидермис) се наоѓаат рецептори на ендоканабиноидниот систем за кои се врзува CBD при што се манифестира противвоспалително и/или имуномодулаторно дејство. Покрај тоа, CBD манифестира и силни антиоксидативни својства и преку неутрализирање на слободните радикали може да помогне во намалување на оштетување на клетките, посебно на сврзното ткиво и ѕидот на крвните садови, со што се намалуваат воспалителните процеси на кожата. Целулитот се создава како резултат на намалена микроциркулација во поткожното ткиво, задршка на течности со нарушување на структурата на сврзното ткиво и депонирање на масти, при што кожата станува груба и нерамна. Појавата на целулит, пред сè како естетски проблем, може да биде предизвикана од различни причини кои водат до нарушување на микроциркулацијата: промена во хормонската регулација, нередовна и неправилна исхрана и физичка неактивнот, пушење, консумирање на аклохол и друго. CANNABO Cellugel plus е иновативна формулација за намалување, отстранување и спречување на појавата на целулитот, како и за детоксикација и ревитализација на структурата на кожата со знаци на целулит. Со употреба на CANNABO Cellugel plus се подобрува микроциркулацијата, пропустливоста на крвните капилари и структурата на сврзното ткиво со што може да се постигне измазнет изглед на кожата. Оваа формулација содржи CBD (Канабидиол) и екстракти од бршлен, див костен, семе од винова лоза, готу кола, кофеин и витамин Е во избалансиран сооднос. Екстрактот од бршлен (Hedera helix) содржи хедерагенин, кој ја подобрува циркулацијата и може да помогне во намалување на отокот. Готу кола (Centella asiatica) помага во подобрување на крвната циркулација и зајакнување на капиларите. Дивиот костен (Aesculus hippocastanum) може да даде позитивни ефекти на лимфната дренажа и да помогне во намалување на отокот, црвенилото и чувството на надуеност. Екстрактот од семе од винова лоза (Vitis vinifera) содржи олигомерен проантоцианидин – еден од најсилните природни антиоксиданси кој го намалува задржувањето на течностите, ја подобрува циркулацијата, а посебно делува во одржувањето на еластичноста на кожата. Кофеинот ги активира ензимите кои ги разградуваат мастите во ткивата опфатени со целулит. Исто така, кофеинот помага да се спречи формирање на нови масни наслаги, ја подобрува цврстината на кожата и ја враќа нејзината еластичност. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. CANNABO Cellugel plus иновативната формулација, со противвоспалителното и антиоксидативното дејство на CBD, дополнето со дејството на екстрактите од бршлен, готу кола, див костен и семе од винова лоза, ја штити и детоксицира кожата, ја задржува нејзината влажност, ги зацврстува контурите и допринесува за ревитализација на структурата на кожата со знаци на целулит.

Слични производи