Витамин Б6®

Pyridoxine

Терапевтски индикации

  • Хиповитаминоза и авитаминоза на витамин Б6
  • Невропатија
  • Идиопатска сидеробластична анемија
  • Предменструален синдром
  • Повраќање за време на бременост
  • Пореметување во метаболизмот на пиридоксин кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени
  • Радијациска болест
  • Пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија)
  • Полиневрит кај алкохоличари
  • Терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин
  • Конвулзии на новороденче предизвикани со дефицит на витамин Б6

Пакување:

Таблети 20 mg

Начин на издавање:

Се издава без рецепт

Код на производот:

ATC A11H A02


Витамин Б6

Pyridoxine

Терапевтски индикации

  • Хиповитаминоза и авитаминоза на витамин Б6
  • Невропатија
  • Идиопатска сидеробластична анемија
  • Предменструален синдром
  • Повраќање за време на бременост
  • Пореметување во метаболизмот на пиридоксин кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени
  • Радијациска болест
  • Пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија)
  • Полиневрит кај алкохоличари
  • Терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин
  • Конвулзии на новороденче предизвикани со дефицит на витамин Б6

Type:

Таблети 20 mg

Condition:

Се издава без рецепт

Code:

ATC A11H A02


Општи податоци

Витаминот Б6 (познат и како пиридоксин) е витамин растворлив во вода. Тоа значи дека нашето тело не може да го складира долго време и дека треба постојано да се внесува.

Една од поважните функции на витаминот Б6 е тоа што му помага на имунолошкиот систем да произведува антитела, коишто му се потребни на организмот во борбата со настинките и инфекциите.
Витаминот Б6 игра клучна улога во нормалната функција на нервниот систем, активно учествува во формирањето на црвени крвни зрнца, ублажува мачнина, го штити организмот од кожни заболувања и од грчеви. Овој важен витамин е потребен за балансирање на хормоните кај жените и балансирањето на натриум и калиум.
Витаминот Б6 е полезен за децата кои имаат потешкотии со учењето.

Некои од најчестите симптоми при недостиг на витамин Б6 се:
замор и исцрпеност;
нервоза;
анемија;
депресија;
проблеми со концентрацијата или проблеми со памтењето;
кожни заболувања;
главоболка и вртоглавици;
грчеви или вкочанетост.

Користење

  • Дефицит на витамин Б6: 20-50 mg, до 3 пати на ден.
  • Невропатија предизвикана со изониазид: профилакса – 10 mg еднаш на ден.                    Лекување – 50 mg три пати на ден.
  • Идиопатска сидеробластична анемија: 100-400 mg на ден, поделено во неколку дози.
  • Предменструален синдром: 50-100 mg на ден, поделено во неколку дози.
  • Повраќање при бременост: 20-100 mg на ден, поделено во неколку дози.
  • Пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија): 60 mg на ден во тек на 3 недели, како и 50 mg на ден доживотно.

Важно пред користење

Состав

1 таблета содржи 20 mg пиридоксин хидрохлорид.

Пакување

Кутија со 20 таблети од 20 mg.

Витаминот Б6 (познат и како пиридоксин) е витамин растворлив во вода. Тоа значи дека нашето тело не може да го складира долго време и дека треба постојано да се внесува.

Една од поважните функции на витаминот Б6 е тоа што му помага на имунолошкиот систем да произведува антитела, коишто му се потребни на организмот во борбата со настинките и инфекциите.
Витаминот Б6 игра клучна улога во нормалната функција на нервниот систем, активно учествува во формирањето на црвени крвни зрнца, ублажува мачнина, го штити организмот од кожни заболувања и од грчеви. Овој важен витамин е потребен за балансирање на хормоните кај жените и балансирањето на натриум и калиум.
Витаминот Б6 е полезен за децата кои имаат потешкотии со учењето.

Некои од најчестите симптоми при недостиг на витамин Б6 се:
замор и исцрпеност;
нервоза;
анемија;
депресија;
проблеми со концентрацијата или проблеми со памтењето;
кожни заболувања;
главоболка и вртоглавици;
грчеви или вкочанетост.

Слични производи