Replek

ноември 22, 2022

ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ – ЗВУК КОЈ САМО ВИЕ ГО СЛУШАТЕ

Зуење во ушите или тинитус како медицински термин, преставува субјективно чувство на звук во ушите без надворешен стимул. Тинитус е проблем кој може да се јави кај сите возрасни катерогии  кај двата пола. Всушност самиот тинитус преставува симптом  што значи дека не е не болест, но неговота појава може да го води докторот кон дијагностицирање на одредено заболување. Со зголемување на динамиката на живеење, зголемената акумулација на стрес во организмот, се зголемува и бројот на пациенти кои се јавуваат во ординациите со ваков проблем. Посебно мора да се забележи дека од почетокот на пандемијата има зголемен број на пациенти кои се жалат на зуење во ушите, а забележително е дека се повеќе кај младата популација се јавува овој симптом, за разлика од претходно кога зуењето како симптом беше карактеристичен за возраснатите.

 

Во однос на причините кои доведуваат до појавата на овој симптом не може да се зборува со точност, бидејќи во најголем број од случаевите не може да се открие конкретна причина за појавата на овој симптом. Тинитусот како симптом е субјективен и го чувствува само пациентот, така што лекарот нема дијагностичка метода со кои би можел да го докаже или отфрли фактот за постоењето на овој симптом, но секако тоа не треба да го обесхрабрува ниту лекарот ниту пациентот. Како една од  можните  причини за појава на зуење во ушите  преставува нарушената циркулација која може да се јави во склоп на многу заболувања  на пример, кардиоваскуларни заболувања, проблем со вратната кичма, нарушувања на функцијата на тироидната жлезда и др.  Исто така како можни причини кои не треба да се занемарат се возраста на пациентот, воспалителните процеси, туморозните промени, акустичните трауми, болести на централниот нервен систем и други. Поради тоа што голем број на нарушувања на здравјето може како симптом да го имаат и тинитусот, мора внимателно да се испита пациентот како не би дошло до пропуст  во дијагностиката, и секако во лекувањето.

 

Навременото барање на лекарска помош од страна на пациентот би значело навремена дијагностика и навремен соодветен третман. Низ секојдневната пракса  може да се забележи дека една од најчестите  причини за кои се претпоставува дека доведуваат  до појавата на овој симптом се циркулаторните нарушувања што од своја страна водат до нарушена васкуларизација  на ткивата и органите што  резултира со оштетување на истите, вкучително  и органот за слух и слушниот нерв што пак од своја страна значи појава на тунитус и нарушен слух. Тука би ја споменала и возраста на пациентот  која исто така корелира со зголемена можност на појава на тинитус бидејќи знаеме дека стареењето на организмот значи и стареење на сите органи и ткива односно намалена функционалост на истите.

 

Што е со терапијата за тинитус?  

Во однос на терапијата – најпрво е лекувањето на основната причина која довела до појавата на зуење. Секако во најголем број на случаеите со решавањето на примарниот проблем се решева и проблемот на тинитусот, но кај одреден број на пациенти кај кои не е најдена причина, или пак причината која довела до зуење во ушите не е можно да се реши, проблемот на зуењето останува и пациентот треба  да научи како да живее со зуењето недозволувајќи  тоа да биде причина за нарушен квалитет на живот. Витаминската терапија посебно витамините од групата Б (со акцент на  Б1, Б6 и Б12)  можат  да бидат корисни  да се заштити функцијата на слушниот нерв. Витамините од групата Б се корисни и за нормалното  функционирање на нервниот систем на организамот бидејќи се клучен фактор за исхрана и регенерација на нервите.

 

Референци:

  • Arnvig, J. (1953) Objective tinnitus. Acta Otolaryngologica, Supplement 109:1053. [PubMed]
  • Hearing loss and tinnitus Plath J. Oliver Adv. Otorhinolaryngol. 1995; 49:101-4

 

Д-р Билјана Бундевска, специјалист оториноларинголог

ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара Скопје

Слични Артикли

НЕУРОВИТ помага во исхрана и регенерација на оштетените нерви

Позитивни ефекти од ЦБД Каноил маслото

Растението Cannabis