Replek

ноември 22, 2022

НЕУРОВИТ помага во исхрана и регенерација на оштетените нерви

Што е невропатска болка?

 

Невропатската болка е сложен тип на болка која се јавува поради повреда или дисфункција во нервниот систем. Се дефинира како болка која произлегува како директна последица на лезија или болест на централниот или периферниот нервен систем. Причините за централниот нервен систем вклучуваат: мозочни удари, трауматски повреди, невралгии. Причините за периферниот нервен систем вклучуваат: невропатија на компресија/вклештување на нервите, исхемична невропатија, посттрауматска невропатија (се јавува по повреда или медицински процедури, како операција или инјекција), постхерпетична невралгија (може да се појави по вирусна инфекција на херпес зостер или ковид и дијабетична невропатија.

 

Кога сетилниот систем е погоден од повреда или болест, нервите во тој систем не можат да функционираат за да ја пренесат сензација до мозокот. и се опишува како чувство на болка во вид на боцкање, трнење  или печење. Таа може да исчезне спонтано, но често е хронична. Некогаш е силна и континуирана, а понекогаш повторувачка (се јавува и исчезнува во периоди). Често е резултат на оштетување на нервите или неправилно функционирање на нервниот систем. Оштетувањето на нервите доведува до промена во нервната функција на местото на повредата и регијата околу него т.е. деловите на телото кои се инервирани од оштетениот нерв. Невропатската болка се развива постепено, тоа е спонатана болка  која води до чувство на трнење (иглички), печење, прободување или пак недостаток на сензација (вкочанетост).

 

За многу пациенти, интензитетот на симптомите може да се намали и да опаѓа во текот на денот, а кај други да е континуирана и силна. Невропатската болка многу често е поврзана со оштетување на периферните нерви (невропатија) предизвикана од дијабетес или ‘рбетна стеноза, повреди и вклештување на нервите. Почетокот на болката може да биде одложен, па дури да започне месеци или години по примарниот настан на повреда.

 

Невропатската болка може да се спротивстави на ноцицептивната болка, која е тип на болка што се јавува при акутна повреда како кршење на прстот или прободување на прстот при одење бос. Овој тип на болка е типично краткотраен и обично реагира на вообичаените лекови за болка за разлика од невропатската болка.

Слични Артикли

ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ – ЗВУК КОЈ САМО ВИЕ ГО СЛУШАТЕ

Позитивни ефекти од ЦБД Каноил маслото

Растението Cannabis