октомври 14, 2022
КАНОИЛ® CBD маслото од коноп не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Согласно со достапните студии употребата на КАНОИЛ® може да има позитивни ефекти при следниве состојби:
Канцер
Антиканцерогените ефекти на ТХЦ и ЦБД се покажани во бројни ин витро и ин виво студии. Можните механизми на дејствување вклучуваат: анти-оксидативно, невропротективно дејство, инхибиција на раст и размножување на туморозните клетки, индукција на апоптоза (смрт на туморозните клетки), намалување на метастазите, инхибиција на ангиогенеза на тумор. Достапните студии ги покажаа погоре споменати позитивни ефекти кај пациенти дијагностицирани со карцином на мозок, карцином на дојка, карцином на белите дробови, карцином на простата и леукемија.
Сон
Ефектите на ЦБД врз сонот зависат од дозата; при што пониски дози имаат стимулативен, а високите, седативен ефект. Генерално, ТХЦ ја зголемува поспаноста, додека ЦБД во дози од 15 mg има стимулативно дејство.
Епилепсија
Антиепилептичните или антиконвулзивни својства на ЦБД се докажани во клиничка студија, иако точниот механизам на дејство не е познат. Третманот со канабис кај пациенти со епилепсија кои ја примаат и стандардната терапија резултираше во подобрена клиничка состојба, намалена фреквенција и сериозност на конвулзивните кризи до комплетно подобрување кај некои пациенти, при што третманот со канабис беше добро толериран, без знаци на токсичност или сериозни несакани ефекти.
Болести на зависност
Терапевтскиот потенцијал на ЦБД во третман на зависности е поврзан со темелно истражување, вклучувајќи и приказ на случаи, каде дневните проценки на состојбата покажале отсуство на симптоми на откажување, како, вознемиреност и другите симптоми на апстиненцијалниот синдром. Предложениот механизам на дејствување сугерира инхибиција на ацетилхолинските алфа-7-никотински рецептори кои го намалуваат ефектот на опиоидите и ги активираат 5-HT1A рецепторите.
Невропротективно дејство
Невропротективниот потенцијал на ЦБД се заснова на неговите антиинфламаторни и анти-оксидативни својства. Воспалението е основа на поголемиот дел од невродегенеративни заболувања што доведува до прогресивно оштетување на нервот доколку истото е присутно подолг период. Микроглија клетките имаат главна улога при воспаление на невроните. Кога се активираат, тие произведуваат цитокини и воспалителни медијатори кои ги оштетуваат нервните клетки. Активноста на ЦБД преку ЦБ2 рецепторите (главно изразена на површината на микроглија клетките) ја инхибира оваа невротоксичност преку намалување на про-воспалителните молекули, зголемена активност на фагоцитите и другите репаративни механизми.
Прекумерна телесна тежина
За двата природни канабиноиди ЦБД и ТХЦВ (тетрахидроканабиварин) е докажано дека го намалуваат апетитот, нивото на масти во организмот и осетливоста на клетките кон инсулин што резултира со намалена телесна тежина.
Дистонија и Дискинезија
Неколку клинички испитувања укажуваат на терапевтскиот потенцијал на ЦБД при нарушувања во движењето, што резултира во подобрување на дистонијата, додека несаканите ефекти на ЦБД биле благи и вклучувале хипотензија, сува уста, забавување на психомоторните функции и седација.
Кожни заболувања
Ендоканабиноидниот систем е широко распространет во кожата, овозможувајќи ја ефикасноста на ЦБД при локално лекување на симптоми поврзани со воспаление (црвенило, чешање и болка); хиперкератоза, зголемено лачење на масти или оштетувања на кожата (ја подобрува епителизацијата).
Воспаленија
CBD е моќно антиинфламаторно средство. Своето антиинфламаторно дејство го манифестира преку намалување на производството на цитокин (TNF-α, IL-12, IL-1, IL-6, IL-10) и хемокини (CCL2, CCL5, CXCL8, CXCL10); промена во аденозин сигнализацијата; експесијата на адхезивни молекули (ICAM-1, P-IAM-1 и PS); миграција, размножување и апоптоза на воспалителни клетки. Така, ЦБД може да биде ефикасен во третман на симптоми и состојби од воспалително потекло (пр. Ревматоиден артритис, Крон-ова болест, хронична воспалителна болка).
Имунитет
ЦБД исто така има имуномодулаторни својства што значи дека неговата редовна употреба го подобрува целокупниот имунитет. Механизмите на дејствување се повеќекратни, вклучително и: дерегулација на нуклеарниот фактор на активирани Т-клетки (NFAT); сузбивање на пролиферацијата и изразување на IL-2 и интерферон-γ (IFN-γ) mRNA на површината на лимфоцитите на CD25 Т; интерлеукин-2 (IL-2) и сузбивање на производството на IFN-γ; сузбивање на активирачки протеини – 1 (AP-1) и транскрипторска активност на нуклеарниот фактор на активирани Т-клетки (NFAT) – критични регулатори на производството на IL-2 и IFN-γ.
Гадење и повраќање
ЦБД може да се користи за намалување на нагонот на гадење и повраќање за време на хемотерапија или радиотерапија.
Алцхајмерова болест
Постојат неколку потенцијални механизми кои го објаснуваат ефектот на ЦБД при деменција: намалување на воспалението на мозокот, намалување на амилоидните протеини, заштита на нервните клетки, подобрување на меморијата и когнитивните функции. ЦБД, исто така, го намалува стресот и вознемиреноста кај овие пациенти.
Шизофренија
Употребата на ЦБД ги подобрува психотичните симптоми и когнитивните функции кај овие пациенти преку зголемување на нивото на ендогени анандамиди. Неодамнешните студии покажуваат дека употребата на ЦБД кај вакви пациенти е безбедна, добро толерирана и со помалку несакани ефекти (екстрапирамидални симптоми, зголемување на телесната тежина и помало покачување на пролактин). Сепак, ЦБД не е замена за стандардната терапија, напротив, треба да се додаде на редовната терапија на овие пациенти.
Дијабетес
Тековните студии сугерираат дека ЦБД може да помогне кај пациентите со дијабетес и да ја спречи појавата на компликации како оштетување на крвните садови. Пријавените придобивки вклучуваат: пониско ниво на шеќер во крвта, зголемување на производството на инсулин кај лица со дијабетес тип 2, подобрување на чувствителноста кон инсулин и инсулинскиот одговор. Ова значи дека ендоканабиноидниот систем игра важна улога во метаболизмот на човекот и реакцијата на телото на инсулин.
Хепатитис
Во последниве години, ЦБД се покажа како ефикасна терапија за лекувањето на различни болести во лабораториите и клиничките испитувања. Според студијата на истражувачите од Универзитетот во Јужна Каролина, ЦБД може да се користи како дополнителен третман за хепатитис. ЦБД преку ендоканабиноидните рецептори во нашите тела ги олеснува симптомите на хепатитис кај автоимун и вирусен хепатитис. Истражувањата откриле дека при активирање на овие рецептори се намалува хепаталното воспаление и оштетување на ткивото, а се подобрува регенерацијата. ЦБД помага и во олеснување на болката при заболувања на црниот дроб и намалување на несаканите ефекти предизвикани од третманот.
Алергии и астма
Преку делување на ендоканабиноидните рецептори, неговото антиинфламаторно и спазмолитично дејство, ЦБД може да лекува и превенира појава на астма и други алергиски симптоми. Во секој случај, ова е сè уште теорија за која се потребни повеќе истражувања кои би помогнале подобро да ги разбереме и процениме практичните ефекти кај пациентите.
Оштетување на црниот дроб и мозокот
ЦБД може да го подобри оштетувањето на мозокот и црниот дроб како резултат на неговото антиинфламаторно, антиоксидативно и невропротективно дејство.
Паркинсонова болест
КАНОИЛ го подобрува сонот и расположението кај лица со Паркинсонова болест, ги подобрува моторните симптоми (промени во движењата) и делува невропротективно со што ја успорува прогресијата на болеста.
Клинички студии за ефектот на CBD маслото може да се најдат на следниве линкови:
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/25237116