20 години Реплек Фарм – 20 години австриски капитал

Replek

септември 16, 2022

На денешната работна посета во Реплек, австрискиот амбасадор Д-р Георг Вуцас ги посети производните капацитети и заедно со Генералниот Директор, Душан Пецовски, најавија нови можности за соработка меѓу двете земји.

 

На прес конференцијата која следеше по посетата, генералниот директор потенцираше дека Реплек е компанија во која е присутен австриски капитал и е одличен пример за успешна странска инвестиција во Македонија која веќе 20 години произведува квалитетни генерички лекови и извезува во повеќе од 25 земји ширум светот.

 

“Се залагаме за унапредување на соработката меѓу австриското и македонското стопанство и индустрија, за што постои голем интерес од двете страни. Планираме капитални инвестиции во производните капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и know-how, пласман на наши производи во Австрија како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар.

 

Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел, да донесеме дел од светот во Македонија и да пренесеме дел од Македонија во светот поради што неуморно работиме на производство на квалитетни лекови достапни за сите и на освојување на нови пазари.

 

Слични Артикли

Одлука за избор на компанија за тендерот за набавка на компјутери

ОГЛАС ЗА НАБАВКА – Лаптоп и десктоп компјутери

Конкурс – ЗАЕДНО ГИ КРЕИРАМЕ ВИТО И МИНА