Реплек е компанија која 77 години гради успешна приказна, на македонскиот пазар но и на меѓунарoдниот пазар. Низ годините се менуваме, иновиравме и креиравме синергија од различни искуства, растевме заедно со нашите вработени. Денес, броиме 400 високо квалификувани вработени, ентузијасти водени од визијата на успешност, квалитет и производи кои се препознатливи.
Фокусирани сме кон креирање на производи кои имаат за цел да овозможат подолг и подобар квалитет на животот. Сите работни процеси се во рамки на етичкото работење, работење со највисоки стандарди како и согласно новите потреби од модерниот начин за живот. Тежнееме да креираме индивидуален пристап за нашите корисници. Тежнееме да креираме добросостојба.
Нашата визија е секогаш да ги пратиме потребите на нашите корисници, да ги следиме нивните животни навики, да креираме заеднички подобра иднина. Сето ова го правиме со огромна страст кон работата, кон истражувањето и со голема храброст да ги исполниме вашите очекувања.
Веќе 77 години, посветено работиме на производи кои се присутни во сечие секојдневие. Притоа инвестираме во поголеми и подобри капацитети, превземаме ризици и наоѓаме нови иновативни решенија за да понудиме подобар и поквалитетен живот, полесно завршување на секојдневните обврски, повеќе енергија, повеќе квалитетно време со вашите најмили.
Работиме денес, за нашата заедничка добросостојба!
Работењето на Реплек претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето. Секогаш сме отворени за нови идеи, го цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените. Ја цениме секоја храбра идеа, го поддржуваме секој иновативен исчекор. Се позиционираме да оствариме лидерска позиција на домашниот пазар како и на меѓународните пазари. Реплек остварува одлични резултати низ годините, на домашниот пазар како и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји ширум светот.
• Развој и истражување
• Производство
• Регистрација и позиционирање на производи на постоечки и на нови пазари
• Складиштење и дистрибуција
• Маркетинг поддршка за нови производи
• CRM
Што ве инспирира на работното место?
Предизвиците, можноста за раст, секојдневните комуникации со луѓето. Визијата и вредностите кои ги градиме.
Како се грижите за вашето здравје?
Не го постигнувам балансот, но се трудам. Пешачење и скијање.
Кое е вашето мото?
Цел без план, е само желба.
Што ве инспирира на работното место?
Влијанието кое го имаме во секојдневието. Можноста за креирање на подобра иднина.
Како се грижите за вашето здравје?
Трчање, планинарење, пливање и сите индивидуални спортови ми се секогаш предизвик.
Кое е вашето мото?
Не можеш да ја победиш личноста, која никогаш не се откажува.
Што ве инспирира на работното место?
Инспирацијата секогаш постои, но истата ја наоѓам работејќи напорнo. Успешните луѓе секогаш се во потрага по можност да им помогнат на другите.
Како се грижите за вашето здравје?
Избалансирана исхрана и доволен внес на течности. Редовна физичка активност на отворено во присуство на сонце и чист, свеж воздух преку долго пешачење и возење велосипед.
Кое е вашето мото?
Само небото е граница за успех.
Што ве инспирира на работното место?
Мојот најголем предизвик е што ја работам работата што ја сакам, од таму ја црпам енергијата. Најголемиот двигател ми е мотивацијата да бидеме подобри.
Како се грижите за вашето здравје?
Правилна исхрана, свеж воздух, трчање и позитивни луѓе.
Кое е вашето мото?
Ако нешто сакаш, можеш да го постигнеш!
Што ве инспирира на работното место?
Предизвиците со кои постојано се соочувам и можноста за справување и решавање на истите.
Како се грижите за вашето здравје?
Со многу смеење, многу сон и дружење со позитивни луѓе.
Кое е вашето мото?
Биди среќен со она што го имаш, додека се бориш за она што го сакаш.
Што ве инспирира на работното место?
Секојдневните предизвици и можноста за иновации.
Како се грижите за вашето здравје?
Со патувања, дружење со среќни и насмеани луѓе и многу музика.
Кое е вашето мото?
Упорност, работа и постојано унапредување на знаењето.
Што ве инспирира на работното место?
Преносот на знаење, можноста за едуцирање на нови кадри и допринесување за раст на компанијата.
Како се грижите за вашето здравје?
Пешачење и дружба со драги луѓе.
Кое е вашето мото?
Сонувај, посакај и оствари!
Што ве инспирира на работното место?
Енергијата на тимот, градењето на приказната за Реплек и секојдневните предизвици на динамичниот фармацевтски пазар.
Како се грижите за вашето здравје?
Скијање, кросфит, пливање.
Кое е вашето мото?
Работи во тишина, дозволи успехот да ја направи целата врева.
Што ве инспирира на работното место?
Ме инспирираат луѓето, нивните идеи за подобрување а особена кога ќе видам промена во поглед на нивното размислување и делување .
Како се грижите за вашето здравје?
Витамини, сонце и вода.
Кое е вашето мото?
Промените се случуваат, прифати ги како предизвик и извлечи го најдоброто.
Што ве инспирира на работното место?
Промените. Начинот на кој сме спремни да одговориме на промените и сите предизвици кои ги носат промените.
Како се грижите за вашето здравје?
Пилатес, возење точак.
Кое е вашето мото?
Животот е баланс помеѓу откажување и неоткажување.
Што ве инспирира на работното место?
Можноста да го пренесам своето знаење, да изградам и оформам нови кадри со сите предизвици.
Како се грижите за вашето здравје?
Со многу читање, гледање филмови, кога можам и понекоја прошетка на планина.
Кое е вашето мото?
Претворете ги вашите препреки во можности.