Панче Гелевски: Реплек гради успешна приказна пресретнувајќи ги потребите на современиот човек

Replek

декември 1, 2022

Панче Гелевски – Директор на продажба и  маркетинг,

Член на Управен Одбор на Реплек АД  

Скоро една година сте дел од менаџерскиот тим на Реплек, тим кој најави промени и освежување во работењето на компанијата. Кажете ни кои се клучните промени во вашиот сегмент од работењето?

Во ерата на знаење, идеите се основа за било кој успех. Може да ја имате најдобрата идеа на светот, ама ако не успеете да ги убедите луѓето околу вас да ја следат вашата визија, не сте успеале. Така е и со промените во Реплек. Тука сме кај што сме, поради луѓето кои се околу нас. Приказната која ја градиме заедно, идејата која ја имавме на почетокот за Реплек, сега е веќе стратегија и дел од корпоративната култура.

Промените кои ги започнавме како тим, креираа една компанија која е отворена во и надвор од своите канцаларии, компанија која се залага за добросостојба на сите учесници во процесот, компанија која има визија да стане најдоборото од Македонија.

Нашата визија е да реализираме процес на трансформација на сите активности во компанијата и да создадеме нови вредности за нашата компанија, трансформација која ќе ги пресретне потребите на пазарот. Стратешкиот пристап ни овозможи овој процес да ги вклучи сите наши вработени, кои се клучни за успех на компанијата. Нашата стратегија е долгорочна и заедно постигнавме значителни резултати за една година.

Искрено верувам дека способноста за имплементирање на промени е клуч за успех и на личен и на колективен план. Токму тоа беше и главниот мотив заради што станав дел од тимот на Реплек, компанија која има огромен потенцијал, квалитет, знаење и искуство. Во изминатата година посветено работевме со утврдување на нашите најголеми адути. Анализиравме како најдобро да ги искористиме пазарните трендови и можности за да ги подобриме нашите позиции на пазарите.

 

Какви се вашите позиции на домашниот пазар?

Секој пазар си носи свои специфики и предизвици. Домашниот пазар во последен период се карактеризира со една значително интересна компонента. Имено домашните потрошувачи се многу информирани и едуцирани, па оттука изборот за тоа што ќе користат од фармацевтската понуда го прават на база на прочитани студии, се консултации со повеќе од еден доктор, разменуваат искуства, сакаат да ги слушнат сите страни. Тоа укажува на потребата од пласман на информации за нашето портфолио кое што го карактеризира широка палета, на одлични производи за кои треба што повеќе да ги информираме потрошувачите. Тоа е предизвик на кој сме посветени. Реплек во тој процес има добри позиции бидејќи и досега има изградено доверба со потрошувачите на пазарот. Ние нудиме квалитет по пристапни цени,  македонски бренд, по европски стандарди. Успеваме да ги зајакнеме  позициите на  Реплек како домашна компанија и долгорочната стратегија на домашниот пазар е да работиме на зголемување и подобрување на нашите производствени капацитети, но и да ја прошириме понудата со производи кои ќе помогнат во одржување на општата здравствена добросостојба на потрошувачите согласно навиките во модерниот начин на живеење. Мислам дека не постои домаќинство кое го немало Вентор гелот во својата домашна аптека.  Во таа насока направивме и конкретни чекори, на пазарот го пласиравме производот Колосал, препарат за иритабилен колон. Ова е само почеток, во завршна фаза е пласманот на уште неколку стратешки производи кои ќе не овозможат силна афирмација на домашниот пазар.

 

Се повеќе станува популарен здравиот начин на живот и здравите навики. Фармацевтските компании се повеќе нудат производи кои имаат функција на подобрување на човековото здравје. Дали Реплек размислува во таа насока?

Да, овој тренд на пазарот е во нашиот фокусот и го имаме предвид при дефинирање на нашите стратешки активности. На овој аспект алудира и нашиот слоган – „За мое добро!“. Работиме во насока на креирање на еден уникатен пристап – Реплек, вашата домашна аптека. Сакаме да создадеме цел сегмент на производи кои ќе му помогнат на современиот човек да ги задоволи своите потреби за одржување на својата виталност, но и да влијаеме врз изградба на нов животен стил. Ние целиме кон тоа, Реплек да биде лидер на домашниот пазар во овој сегмент и имаме план како да го постигнеме тоа.

 

Опсервер: Панче Гелевски: Реплек гради успешна приказна пресретнувајќи ги потребите на современиот човек | opserver.mk

Слични Артикли

Одлука за избор на компанија за тендерот за набавка на компјутери

ОГЛАС ЗА НАБАВКА – Лаптоп и десктоп компјутери

Конкурс – ЗАЕДНО ГИ КРЕИРАМЕ ВИТО И МИНА