Реплек АД Скопје
Козле 188
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Реплек АД Скопје посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога се регистрирате на неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
Нашата компанија ја почитува вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив, односно:
Доколку обработката е потребна за исполнување на законски обврски или сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци, или обработката е потребна за целите на нашите легитимни интереси. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на вашето барање. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.
Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:
· за да ви ја обезбедиме бараната услуга, односно да ви обезбедиме информации за нашите производи и услуги;
· за други цели за кои сте побарале, сте поставиле прашање или сте се согласиле, освен ако со закон не е предвидено поинаку;
· за да ја разгледаме можноста за нови вработувања доколку субјектите се обратат или аплицираат за работа преку страницата на Реплек АД или нејзините канали на социјални мрежи
· доколку контактирате или се поврзете со нас преку социјалните мрежи;
· пријава на неетичко однесување и други нерегуларности или заради исполнување на законските обврски што Реплек АД е должен да ги почитува и
· за анализирање на посетите на нашата страница, идентификување на интересите на корисниците и за одржување на информациската сигурност на нашата страница.
· Повеќе за употребата на колачињата прочитајте ја нашата политика за колачиња
·
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за вас.
Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога креирате ваш профил, кога ќе ни поставите прашање и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ги користите нашите страници/апликации), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).
Реплек АД може да биде задолжен доставените податоци да ги проследи до надлежните органи доколку постои законска обврска за тоа. Вашите лични податоци нема да се користат за ниедна друга цел.
Реплек АД ги користи податоците што ги добива во врска со пријавите за несакани реакции на лек исклучиво заради следење на несаканите реакции, така што секоја пријавена несакана реакција е соодветно документирана, проценета и пријавена во согласност со законските обврски, со цел идентификување и спречување несакани реакции или други ризици поврзани со употребата на лековите.
Реплек АД може да ги проследи доставените податоци до надлежните органи во согласност со неговите законски обврски за фармаковигиланца.
Вашите лични податоци нема да се користат за ниедна друга цел.
Личните податоци што ги доставувате при аплицирање за работни места во Реплек АД, односно при регистрација на страницата за таа цел, се користат за да комуницираме со вас и да размениме дополнителни податоци поврзани со вашата апликација, со што овие податоци ги чуваме како референтни податоци во системите дизајнирани за управување со обезбедените информации. Вашите лични податоци нема да се користат за ниедна друга цел.
Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкдин, Youtube и сл.
Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со Реплек АД и со производи на Реплек АД, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и во промотивни активности. За повеќе информации во врска со натпреварите и со другите промотивни активности видете ги официјалните правила за натпреварите и/или деталите објавени за секој натпревар/промотивна активност одделно.
Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Исто така, може да собереме каков било личен податок што го споделувате јавно и што е дел од вашиот профил и кои било дополнителни информации или активности што ги објавувате на социјалните мрежи и платформи.
Наедно, собираме податоци за вас секогаш кога комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи, но и секогаш кога ја користите функцијата за социјално вмрежување, интегрирана на страниците на Реплек АД. Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност за овие цели.
Реплек АД ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку Реплек АД ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на Реплек АД и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. Реплек АД задржува контрола над употребата на овие податоци.