За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Форвита® Б-комплекс Додатоци во исхрана
Додатоци во исхрана

Форвита® Б-комплекс

Реплек Фарм

Општи информации

ФОРВИТА® Б-комплекс е комбинација на витамини од групата Б и секој од нив има посебна улога во човековиот организам.

Додатокот на исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.

  • Витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем, нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста. Дополнително, витамините Б1, Б3, Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормална психолошка функција. Исто така, витамините Б2, Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормално формирање на црвените крвни клетки.
  • Витаминот Б1 придонесува и за нормална работа на срцето, додека пак витамините Б2 и Б3 придонесуваат за одржување на нормална кожа и нормални мукозни мембрани.
  • Витаминот Б6 придонесува за нормална синтеза на цистеин и за нормален метаболизам на хомоцистеин, протеини и гликоген.
  • Витаминот Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. Витаминот Б12 придонесува и за нормални когнитивни функции и го намалува ризикот за нивно опаѓање со стареењето, додека пак, фолната киселина има улога во клеточната делба и придонесува за нормална синтеза на аминокиселини.
  • Витаминот Б5 придонесува за нормални ментални способности и за нормална синтеза и метаболизам на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери.
  • Возрасни и деца над 7 години: 1 таблета дневно со вода
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза

1 таблета:

  • Витамин Б1 (тиамин) – 2 mg
  • Витамин Б2 (рибофлавин) – 2 mg
  • Витамин Б3 (ниацин) – 16 mg
  • Витамин Б5 (пантотенска киселина) – 6 mg
  • Витамин Б6 (пиридоксин) – 2 mg
  • Витамин Б12 (цијанкобаламин) – 1 μg
  • Фолна киселина – 200 μg
  • кутија со 30 таблети
  • кутија со 500 таблети
Додаток на исхрана Содржи сорбитол