Реплек е фармацевтска компанија со силна извозна ориентација и глобално присуство. Дури 75% од вкупното производство е наменето за извоз, што претставува јасна потврда за конкурентноста, довербата и квалитетот на нашите производи на меѓународните пазари.
Реплек по петти пат се здоби со ЕУ GMP сертификат, што ја потврдува нашата посветеност на:
Преку долгорочни партнерства, стратешки пристап и одговорно корпоративно управување, континуирано го прошируваме нашето присуство во Европа, земјите од ЗНД регионот, Блискиот Исток, Африка, Азија и други селектирани пазари.
Нашата меѓународна стратегија се темели на одржлив раст, доверба и долгорочен развој на пазарите.
Производите на Реплек се присутни на повеќе од 25 меѓународни пазари.
Полска, Литванија, Обединетото Кралство.
Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
Ирак, Либија.
Русија, Белорусија, Туркменистан, Молдавија, Азербејџан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Грузија, Казахстан, Ерменија.
Виетнам.
Продлабочување на присуството на пазарите во Европската Унија преку регулаторна усогласеност и проширување на портфолиото
Зајакнување на партнерствата во ЗНД регионот
Развој на портфолиото на производи базирани на медицински канабис на селектирани европски пазари
Проширување на соработките во областа на приватни трговски марки и договорно производство
Нашата цел е Реплек уште повеќе да се позиционира како сигурен, квалитетен и долгорочен фармацевтски партнер.
Отворени сме за соработка во областа на:
Дистрибуција на фармацевтски производи
01Out – Licensing договори
02Договорно производство (Contract manufacturing)
03Соработка во сегментот на производи базирани на медицински канабис
04Заеднички развојни и стратешки проекти (Private and white label).
05Меѓународното портфолио на Реплек опфаќа разновидна палета на фармацевтски производи, развиени и произведени согласно највисоките стандарди за квалитет.
Градиме партнерства засновани на доверба, квалитет и долгорочна визија – затоа што растот за нас значи стабилност, одговорност и заеднички успех.