Согласно мисијата и долгорочните цели, „РЕПЛЕК АД Скопје" ја утврдува оваа Политика за квалитет и животна средина со која што ја искажува и документира својата заложба за квалитет во работењето и услугите кои ги дава, заштита на животната средина, задоволување на барањата на потрошувачите, потребите и очекувањата на деловните партнери, интересите на акционерите и вработените и другите засегнати страни.
Од развојната визија на раководството на „РЕПЛЕК АД Скопје" произлегува прифатената обврска и посветеност за воспоставување и постојано подобрување на системите за менаџмент со квалитет и животна средина, усогласено со применливата легислатива и меѓународните стандарди ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015.
„РЕПЛЕК АД Скопје" применува интегриран систем за менаџмент со квалитет и животна средина, при реализација на сите воспоставени процеси за големопродажба на лекови, лекови без рецепт (OTC), додатоци во исхрана, козметика, храна за посебни потреби, средства за дезинфекција и производи од канабис.
Стратешки цели
Својата визија, мисија и стратешките цели „РЕПЛЕК АД Скопје" ги остварува преку исполнување на планови и програми во насока на:
- Грижа за здравјето и потребите на крајните корисници, преку обезбедување дистрибуција на безбедни, квалитетни и ефикасни производи;
- Одржување на постоечките застапништва и збогатување на асортиманот, преку нови застапништва за програми од реномирани светски производители на лекови;
- Зацврстување на односите со деловните партнери кои ги исполнуваат барањата во однос на квалитетот на производите, преку развивање и унапредување на соработката;
- Грижа за потребите на вработените преку одржување на нивната материјална сигурност и создавање на безбедни и пријатни работни услови, нивно континуирано едуцирање, оспособување и усовршување;
- Привлекување и ангажирање на нов, млад, амбициозен и перспективен работен кадар со можности за напредок во кариерата;
- Грижа за одржување на еколошки чиста и здрава животна средина;
- Идентификување на сите аспекти што се однесуваат на животната средина и преземање конкретни мерки за тие што се значајни за заштита на околината;
- Постојана обврска за намалување на загадувањето и преземање мерки за негово спречување;
- Развивање свест за штедење ресурси и енергија, намалување на употребата на штетни материи и намалување на количините на штетен отпад;
- Рационализација и зголемување на ефикасноста во работењето, преку постојано подобрување на системот за менаџмент со квалитет;
- Унапредување на учинокот за животната средина, преку постојано подобрување на системот за менаџмент со животната средина;
- Работењето се извршува во согласност со применливата легислатива, релевантните закони во Република С. Македонија и барањата на меѓународни конвенции, протоколи и договорите со домашните и странските партнери.
Политиката за квалитет и животна средина е достапна за сите вработени, засегнатите страни и јавноста.
РЕПЛЕК АД