„РЕсет“ е општествено одговорна платформа на Реплек која го промовира концептот на добросостојба – за здраво тело, ведар дух и ментална сила. Под мотото „За мое добро“, таа поттикнува позитивни промени во секојдневието, излегување од рутината и отворање нови патишта кон поздрав и поквалитетен живот.
Преку работилници, отворени тренинзи, мотивациски настани и едукативни програми, „РЕсет“ создава простор за секој поединец да стекне нови знаења, да се мотивира и да направи чекор кон подобра физичка и ментална состојба, затоа што личната добросостојба е во основата на колективната добросостојба.
За таа цел, во рамките на платформата се ангажираат инспиративни говорници и личности од различни професии – реализирани во својата област, секогаш подготвени да излезат надвор од комфор зоната, да направат промени и да постигнат сопствена добросостојба. Тие преку своето животно искуство ги пренесуваат предизвиците, мотивацијата и успесите што го унапредиле квалитетот на нивниот живот, мотивирајќи ги другите да го направат првиот чекор. За повеќе информации за конкретните активности РЕализирани како дел од платформата посетете го нашиот Медиа центар.