CANNABO ноќен крем®


Пакување:

50 ml крем

Начин на изавање:

Код на прозводот:


CANNABO ноќен крем


Type:

50 ml крем

Condition:

Code:


Општи податоци

CANNABO ноќен крем содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди. CANNABO ноќен крем не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%. CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. Кожата на лицето е директно изложена на штетното влијание на надворешната средина. Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух и други стресни фактори во текот на денот, доведува до создавање на слободни радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата и доведуваат до појава на брчки, намален тонус на кожата и сува кожа. CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата. CANNABO ноќен крем заради антиоксидативното дејство на CBD, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. CANNABO ноќен крем е иновативна формулација, наменета за интензивен третман и ефикасна регенерација и подмладување на кожата. CBD во комбинација со колаген, хиjалуронска киселина и ретинол, помага за обновување на кожата за време на спиењето, правејќи ја кожата видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед. Својствата на CBD гарантираат интензивно хидрирање на кожата и обезбедуваат хранливи материи во совршени пропорции. CANNABO ноќен крем претставува комбинација на CBD со колаген, хиjалуронска киселина, ретинол (витамин А) и витамин Е. Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата. Хиjалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава. Витаминот А ја намалува појавата на брчки и го подобрува целокупниот изглед на кожата и е најактивен во текот на ноќта. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Дополнителните состојки го засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот и корекција на недостатоците на кожата во текот на ноќта.

Користење

CANNABO ноќен крем ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија, овозможува интензивна детоксикација и подобро хидрирање на кожата во текот на ноќта, со што го обновува изгледот на кожата и кожата на лицето изгледа посветла, видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед. Пред употреба кожата треба да се исчисти. Нанесете мала количина од кремот на кожата на лицето со масирање. Користете го кремот навечер за да се постигне интензивно делување во текот на ноќта. При употреба треба да се избегнува контакт со очи. CANNABO ноќен крем е наменет само за надворешна употреба.

Важно при користење

CANNABO ноќен крем не треба да се употребува при пречувствителност на која било состојка на кремот.

Состав

Природен ЦБД кој ја навлажнува и смирува кожата, ја забрзува најзината регенерација и што е најважно ја штити од штетни надворешни влијанија (загадување и слободни радикали), со што спречува нејзино предвремено стареење.

Колаген најважен за одржување на младешкиот изглед. Ги измазнува борите и дава цврстина на кожата. Со редовна употреба ги зацврстува контурите на лицето и го враќа изгубениот тонус.

Хијалурон кој  ја одржува влажноста на кожата, ги измазнува брчките и спречува создавање на нови. кожата. Употребуваме хијалурон (Hya Care fileer SL) со специјална формулација која овозможува најдобра абсорпција во кожата и максимален ефект.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна и ја омекнува кожата.

Пантенол – има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и иритациите.

Ретинол за дополнителен ефект во намалување на брчките, обнова на колагенот и максимална регенерација во текот на ноќта.

Пакување

Кутија со туба со 50 ml крем и Упатство за пациентот

CANNABO ноќен крем содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп добиен со суперкритична CO2 екстракција, со докажано отсуство на хербициди и пестициди. CANNABO ноќен крем не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%. CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. Кожата на лицето е директно изложена на штетното влијание на надворешната средина. Изложеноста на УВ зраци, загаден воздух и други стресни фактори во текот на денот, доведува до создавање на слободни радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата и доведуваат до појава на брчки, намален тонус на кожата и сува кожа. CBD има антиоксидативни својства, ги неутрализира слободните радикали и на тој начин ја зголемува отпорноста на кожата, го намалува губењето на влажноста и предвременото стареење на кожата. CANNABO ноќен крем заради антиоксидативното дејство на CBD, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. CANNABO ноќен крем е иновативна формулација, наменета за интензивен третман и ефикасна регенерација и подмладување на кожата. CBD во комбинација со колаген, хиjалуронска киселина и ретинол, помага за обновување на кожата за време на спиењето, правејќи ја кожата видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед. Својствата на CBD гарантираат интензивно хидрирање на кожата и обезбедуваат хранливи материи во совршени пропорции. CANNABO ноќен крем претставува комбинација на CBD со колаген, хиjалуронска киселина, ретинол (витамин А) и витамин Е. Колагенот делува против знаците на стареење со измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување повоедначен тен на кожата. Хиjалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава. Витаминот А ја намалува појавата на брчки и го подобрува целокупниот изглед на кожата и е најактивен во текот на ноќта. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Дополнителните состојки го засилуваат ефектот на кремот, со поттикнување на регенерација на епидермисот и корекција на недостатоците на кожата во текот на ноќта.

Слични Производи