За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Оперил П – спреј за нос, за деца од 2 до 7 години OTC производи
OTC производи

Оперил П – спреј за нос, за деца од 2 до 7 години

Реплек Фарм

Oxymetazoline hydrochloride 0,25 mg/ml, 10 ml

Општи информации

Оперил П содржи оксиметазолин, кој се користи како назален деконгестив. Стеснувајќи ги артериолите, тој ги намалува отокот на носната слузница и секрецијата од носот. На тој начин се олеснува дишењето преку нос, се отвораат назалните и параназалните празнини (синуси) и Евстахиевата туба и се ублажуваат придружните знаци на настинката. Го скратува времетраењето на обичната настинка за една третина (два дена) кај пациентите над 12 години.

Оперил почнува да дејствува по неколку минути, а неговото дејство трае до 12 часа.

Оксиметазолин, исто така, има противвоспалително и антиоксидативно дејство.

Оперил има антивирусно дејство врз одредени вируси кои, главно, предизвикуваат респираторни болести.

Краткотраен симптоматски третман кај деца 2–7 години:

  • акутна кивавица при настинка,
  • кивавица поради алергии,
  • риносинузитис,
  • воспаление на средното уво (otitis media), за подобрување на функцијата на Евстахиевата туба.
  • Деца 2–7 години: 1–2 распрскувања во секоја ноздра, 2–3 пати дневно.
  • Максимум: 2 распрскувања во секоја ноздра, до 3 пати дневно.
  • Времетраење на третман: до 5–7 дена.

Лекот не е наменет за деца под 2 години.

Капките се наменети само за еден пациент. Употребата на едно шишенце на повеќе од еден пациент може да предизвика или да рашири инфекција.

После употреба, вградената капалка на шишенцето избришете ја со чисто марамче.

  • Оксиметазолин хидрохлорид 0,25 mg/ml
    • Едно распрскување (0,05 ml) содржи 0,0125 mg оксиметазолин хидрохлорид.
  • Спреј-контејнер со механички распрскувач, 10 ml
Без глутен Без лактоза Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: R01AA05