Replek

ноември 22, 2022

НЕУРОВИТ помага во исхрана и регенерација на оштетените нерви

Што е невропатска болка?   

 

Невропатската болка (NeuB) е сложен тип на болка којашто се јавува поради повреда или дисфункција во нервниот систем и се дефинира како болка којашто настанува како директна последица од лезија или од болест на централниот или периферниот нервен систем.  

 

Причините за појавата на невропатската болка на централниот нервен систем вклучуваат: мозочни удари, трауматски повреди, невралгии, додека пак причините за појавата на невропатската болка на периферниот нервен систем вклучуваат: невропатија на компресија/вклештување на нервите, исхемична невропатија, посттрауматска невропатија (се јавува по повреда или како резултат на медицински процедуриоперација или инјекција, постхерпетична невралгија (може да се појави по вирусна инфекција на херпес зостер, ковид) и дијабетична невропатија. 

 

Кога сетилниот систем е погоден од повреда или болест, нервите во тој систем не можат да функционираат за да ја пренесат сензацијата  до мозокот. Невропатската болка е опишана како чувство на боцкање, трнење  или печење. Ваквата болка може да исчезне спонтано, но често е хронична. Некогаш е силна и континуирана, а понекогаш повторувачка (се јавува и исчезнува во периоди). Често е резултат на оштетување на нервите или неправилно функционирање на нервниот систем. Оштетувањето на нервите доведува до промена во нервната функција на местото на повредата и регијата околу него т.е. деловите на телото кои се инервирани од оштетениот нерв. Невропатската болка се развива постепено, тоа е спонатана болка  која води до чувство на трнење (иглички), печење, прободување или пак недостаток на сензација (вкочанетост) 

 

За многу пациенти, интензитетот на симптомите може да се намали и да опаѓа во текот на денот, а кај други пак, болката останува континуирана и силна. Невропатската болка многу често е поврзана со оштетување на периферните нерви (невропатија) предизвикана од дијабетес или ‘рбетна стеноза, повреди и вклештување на нервите. Почетокот на болката може да биде одложен, па дури да започне и подоцна (месеци или години по примарниот настан на повреда).  

 

Невропатската болка се разликува од ноцицептивната болка, која пак од своја страна  е тип на болка што се јавува при акутна повреда како што е кршење на прстот или убод на прстот кога се оди бос. Овој тип на болка е типично краткотраен и обично реагира на вообичаените лекови за болка, за разлика од невропатската болка. 

 

Слични Артикли

МИКРОБИОТА

Што е тоа дијабетична полиневропатија?

Артритис