Replek

август 14, 2026

Колосал® – нов пристап за здрав цревен микробиом

Во последните неколку години, здравјето на цревата стана една од најактуелните теми во медицината. Причината за тоа е што денес знаеме дека цревата не се одговорни само за варењето на храната. Во нив живеат милијарди микроорганизми, познати како цревен микробиом, кои имаат огромно влијание врз целокупното здравје.

Овие корисни бактерии учествуваат во разградувањето и искористувањето на хранливите материи, создавањето на одредени витамини, одржувањето на здравата цревна бариера и правилното функционирање на имунолошкиот систем. Дури повеќе од 70% од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат токму во дигестивниот тракт, што уште еднаш покажува колку е важно да се зачува рамнотежата на цревната микрофлора.

За жал, современиот начин на живот често го нарушува овој природен баланс. Неправилната исхрана, брзата храна, стресот, недоволниот внес на растителни влакна, честата употреба на антибиотици и други лекови можат да доведат до намалување на бројот на корисните бактерии. Кога ќе се наруши оваа рамнотежа, може да се појават различни тегоби како надуеност, гасови, дијареја, опстипација, чувство на тежина во стомакот или непријатност по оброците.

Зошто денес не е доволно да земаме само пробиотик?

Кога некој ќе спомне здравје на цревата, најчесто првата асоцијација се пробиотиците. И навистина, тие имаат многу важна улога бидејќи внесуваат корисни бактерии во организмот.

Но, науката денес покажува дека за добар ефект не е доволно само да внесеме корисни бактерии.

Замислете дека засадувате цвеќе. Не е доволно само да го засадите. Потребно е да има добра почва, вода и услови за да расте. Истото важи и за пробиотиците.

Токму затоа, покрај пробиотиците, сè поголемо значење имаат и пребиотиците. Тие претставуваат храна за добрите бактерии и им помагаат успешно да се населат, размножуваат и подолго да останат во цревата.

Во последните години, во фокусот на научните истражувања се најдоа и постбиотиците, најновата генерација состојки за поддршка на цревниот микробиом. Тоа се корисни биоактивни материи што ги создаваат пробиотските бактерии при својата природна активност. Тие директно придонесуваат за одржување на здравата цревна слузница, ја зајакнуваат природната заштитна бариера на цревата и помагаат во нормалното функционирање на локалниот имунитет.

Со други зборови:

  • Пробиотикот внесува добри бактерии.
  • Пребиотикот ги храни тие бактерии.
  • Постбиотикот ги обезбедува корисните материи што тие ги создаваат и преку кои го остваруваат својот позитивен ефект.

Токму затоа денес многу експерти сметаат дека најдобар пристап е комбинацијата на сите три компоненти.

Што го издвојува Колосал®?

Колосал® не содржи само пробиотици.

Тој претставува синбиотик од новата генерација, кој комбинира пребиотици, пробиотици и постбиотици во една формулација. Ваквиот пристап овозможува истовремено внесување на корисни бактерии, нивна исхрана и обезбедување на нивните корисни метаболити, со што се создава оптимална поддршка за дигестивниот систем.

Ова значи дека Колосал® не само што внесува корисни бактерии, туку истовремено им обезбедува услови тие успешно да се развиваат и дополнително ги внесува нивните корисни метаболити кои придонесуваат за нормално функционирање на дигестивниот систем.

Токму оваа комбинација претставува негова најголема предност.

Додека најголемиот број производи на пазарот содржат само пробиотици или комбинација од пробиотици и пребиотици, Колосал® е единствениот производ на македонскиот пазар кој ги обединува пребиотикот, пробиотикот и постбиотикот во една формулација.

Со тоа нуди многу покомплетен пристап кон одржување на рамнотежата на цревната микрофлора.

Ефикасноста на Colosal се должи на комбинацијата на трите состојки:

Фруктоолигосахариди (ФОС) – пребиотици

Фруктоолигосахаридите се сложени јаглехидрати или природни шеќери што се речиси несварливи во организмот на човекот. Нивната улога на пребиотик е тоа што се храна за разновидната бактериска популација што ја сочинува човековата интестинална флора.

Бифидобактерии – пробиотици

Бифидобактериите се живи бактериски култури и важни компоненти на цревната микрофлора и се едни од најважните „добри“ бактерии во дебелото црево кај возрасните и кај децата.

Бутирна киселина – постбиотици

Бутирната (путерна) кај луѓето е физиолошка творба што се формира во дебелото црево како резултат на ферментација на диетални влакна.

Бутирната киселина е главен извор на енергија на клетките на дебелото црево (колоноцити), го стимулира метаболизмот и нивното физиолошко созревање и игра важна улога во одржувањето на интегритетот на цревната слузница. Нејзиното присуство во цревата ја намалува pH-вредноста на цревата, при што создава неповолна средина за развој на патогени бактерии.

Кога се применува Колосал®?

Колосал® е наменет за лица кои сакаат да го одржат или обноват балансот на својот цревен микробиом и да придонесат за нормално функционирање на дигестивниот систем. Може да се препорача особено:

  • при нарушена цревна микрофлора (дисбиоза);
  • кај лица со синдром на иритабилни црева (IBS);
  • при честа надуеност, гасови, чувство на тежина и непријатност во стомакот;
  • при дијареја или неправилна столица;
  • кај лица со лактозна или глутенска интолеранција, како дополнителна поддршка на цревниот микробиом;
  • кај пациенти со акутна инфективна дијареја
  • за превенција и третман на на антибиотик-асоцирана дијареа и за обновување на цревната микробиота по антибиотски третман
  • за намалување на ризикот од инфекција со Clostridioides difficile кај ризични пациенти
  • по патувања или нагли промени во исхраната;
  • во периоди на зголемен стрес, кога често доаѓа до нарушување на рамнотежата на цревната микрофлора;

Секако, здравјето на цревата не зависи само од суплементацијата. Разновидната исхрана богата со овошје, зеленчук и растителни влакна, доволниот внес на течности, физичката активност и рационалната употреба на антибиотици остануваат основа за одржување на здрав дигестивен систем.

Со својата современа формула која ги комбинира пребиотикот, пробиотикот и постбиотикот, Колосал® претставува производ од новата генерација за поддршка на цревниот микробиом. Благодарение на овој сеопфатен пристап, тој придонесува за воспоставување и одржување на природната рамнотежа во дигестивниот систем и обезбедува комплетна грижа за здравјето на цревата.

Д-р Елена Цуракова

Слични Артикли

Мигрена – повеќе од обична главоболка

Дебелината како пандемија

Канабидиол (CBD) во третманот на епилепсија: Што треба да знаеме