KANABO+ REVIVE DAY крема
KANABO+ REVIVE DAY крема – ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија, овозможува детоксикација и подобро хидрирање, ја смирува и ја измазнува кожата,
Канабо
50 mg CBD / 50 ml
KANABO+ RENEW NIGHT крема – ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија, овозможува интензивна детоксикација и подобро хидрирање на кожата во текот на ноќта, со што го обновува изгледот на кожата и кожата на лицето изгледа посвежа, видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед.
Со редовна примена на KANABO+ RENEW NIGHT крема кожата станува сјајна и блескава.
KANABO+ RENEW NIGHT крема – иновативната формулација со антиоксидативно и противвоспалително дејство на CBD и 24-каратното злато, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето. Дополнително, колагенот, хијалуронската киселина, витаминот А, витаминот Е и шеа путерот го засилуваат ефектот на кремата, со поттикнување на регенерација на епидермисот, интензивно хидрирање на кожата и обновување на кожата за време на спиењето, правејќи ја видливо измазнета, посјајна и со возобновен изглед.
24-каратното злато во состав на иновативната формулација ја подобрува циркулацијата на кожата, го поттикнува клеточниот метаболизам, ја стимулира клеточната регенерација, помага во создавањето на колаген и еластин, ја осветлува и навлажнува на кожата, со што кожата е помека и се стекнува со мазна и сјајна текстура.
Покрај тоа, 24-каратното злато има и противвоспалително и смирувачко дејство.
Колагенот делува против знаците на стареење преку измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување поизедначен тен на кожата. Хијалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава.
Витаминот А ја намалува појавата на брчки и го подобрува целокупниот изглед на кожата и е најактивен во текот на ноќта. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Шеа путерот ја смирува, измазнува и омекнува кожата.
Пред употреба, кожата треба да се исчисти.
Нанесете мала количина од кремота на кожата на лицето со масирање. Користете ја кремата навечер за да се постигне интензивно делување во текот на ноќта.
При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.
KANABO+ RENEW NIGHT крема е наменета само за надворешна употреба.
50 ml крема содржи:
Стакленa тегла со капаче, 50 ml крема