За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
KANABO+ REVIVE DAY крема Канабо
Канабо

KANABO+ REVIVE DAY крема

Реплек Фарм

50 mg CBD / 50 ml

Општи информации

KANABO+ REVIVE DAY крема – ја штити кожата од негативните ефекти на атмосферските влијанија, овозможува детоксикација и подобро хидрирање, ја смирува и ја измазнува кожата, ги намалува брчките и неправилностите, одржувајќи ја влажноста во текот на целиот ден.

Со редовна примена на KANABO+ REVIVE DAY крема, кожата станува сјајна и блескава.

KANABO+ REVIVE DAY крема – иновативна формулација со антиоксидативното и противвоспалителното дејство на CBD и 24-каратното злато, ја штити и детоксицира кожата на лицето, ја задржува нејзината влажност, ги измазнува брчките и ги зацврстува контурите на лицето.

Дополнително, колагенот, хијалуронската киселина, витаминот Е и пантенолот го засилуваат ефектот на кремата, со поттикнување на регенерација на епидермисот, интензивно хидрирање и корекција на недостатоците на кожата во текот на денот, со што се постигнува младешки изглед.

Содржи УВА/УВБ филтер со широк спектар кој овозможува заштита од УВ зрачење.

24-каратното злато во состав на иновативната формулација ја подобрува циркулацијата на кожата, го поттикнува клеточниот метаболизам, ја стимулира клеточната регенерација, помага во создавањето на колаген и еластин, во обновувањето и навлажнувањето на кожата, со што кожата се ревитализира, хидрира и се стекнува со мазна и сјајна текстура.
Покрај тоа, 24-каратното злато може да има противвоспалително и смирувачко дејство.

Колагенот делува против знаците на стареење преку измазнување на брчките и фините линии, редефинирање на контурите и обезбедување поизедначен тен на кожата.

Хијалуронската киселина ја задржува влажноста на кожата, видливо ги пополнува брчките и спречува формирање на нови, и кожата на допир е цврста и мазна и изгледа свежа и блескава.
Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината.
Пантенолот има навлажнувачки и смирувачки ефект, го намалува црвенилото и делува противвоспалително.

Пред употреба, кожата треба да се исчисти.

Нанесете мала количина од кремата на кожата на лицето со масирање. Користете ја кремата наутро и во текот на денот, според Вашите потреби.

При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.

KANABO+ REVIVE DAY крема е наменета само за надворешна употреба.

50 ml крема содржи:

  • 50 mg CBD (канабидиол)
  • 24K злато
  • Колаген
  • Хијалуронска киселина
  • Витамин Е
  • Пантенол

Стакленa тегла со капаче, 50 ml крем

https://www.annifarm.com.mk/en/product/kanabo-revive-day-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC-50ml/

https://viafarm.mk/p/5069/cannabo-exclusive-day-cream-dneven-krem-50mg-cbd50ml

https://www.polin.mk/shop/product/kanabo-revive-day-creme-50mg-50ml/

https://eliksir.mk/product/kanabo-dneven/

https://ananas.mk/proizvod/replek-kanabo-revive-day-50mg-cbd-50ml/5496089

 

Производите се достапни и во продажните објекти од списокот во продолжение.

Град Аптеки
Скопје Аптеки ДНА Ани фарм, Аптека Бети, Нела фарм, Медлек, Аптеки Вивалек, Омега фарм 1, Сара фарм Студентска, Интеграл фарм, Мери фарм, Марија, Lajflajn, Линцура, Полин, Акација, Алпи фарм 4 Центар, Алпи фарм 9 Кисела вода, Алпи фарм 3 Радишани, Фарма Прикс 1, Галениум фарм Зебра, Еурофарм Рамстор, Еурофарм Дајмонд мол, Еурофарм Веро Џамбо, Еурофарм Лептокарија, Еурофарм Веро 2, Виола Бисер, Виола Тобако 2, Виола ГТЦ, Виола Буњаковец
Тетово Аорта, Бле Медика 0, Бле Медика Херба
Гостивар Кенан Фармација, PR фарм
Кичево Алтеа, Бруно 1, Бруно 5
Куманово Камелија, ВН Хигија 2
Крива Паланка Градска аптека
Битола Роса Вита
Охрид Виа фарм, Мери фарм
Струга Виа фарм
Прилеп Мента фарм
Кавадарци Хигија, Фарма Медика, Св. Пантелејмон, Бела фарм
Неготино Бела фарм
Велес Жива фарм
Штип Биофарм, Здравје 2
Свети Николе Александра фарм
Струмица Еликсир
Гевгелија Елена Фарм
Без парабени и вештачки бои Содржи природен CBD екстракт Интензивна дневна нега и хидратација