За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Медиа центар
Управен одбор 15.07.2026

Душан Пецовски

Душан Пецовски е Генерален директор и претседател на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, со богато меѓународно искуство во финансискиот сектор, фармацевтската индустрија и стратешкиот развој на меѓународни пазари.

Поседува мултидисциплинарно образование кое ги обединува економијата, информатичките технологии, финансиите и менаџментот. Дипломирал економија (B.B.A.) и компјутерско инженерство (M.Sc. Computer Science), магистрирал финансии (M.Sc. Finance), а во 2021 година стекнал и титула Магистер по бизнис администрација (M.B.A.).

Својот професионален пат го започнува во банкарскиот и финансискиот сектор во Австрија, а подоцна успешно ја гради кариерата во областа на продажбата на лекови и меѓународниот бизнис развој. Во текот на својата кариера, дава значаен придонес во развојот на нови пазари, градењето долгорочни стратешки партнерства и реализацијата на иницијативи што создаваат нови можности за раст и развој.

Тој ја предводи реализацијата на визијата и стратегијата на компанијата, со фокус на иновации, одржлив развој и создавање долгорочна вредност за вработените, акционерите, партнерите и заедницата. Под негово водство, Реплек ја продолжува својата трансформација во современа, конкурентна и атрактивна компанија, препознатлива по квалитетот, развојот и амбицијата.

Во своето лидерство тој се води од вредностите како интегритет, истрајност, посветеност, искреност и правичност. Неговата визија е Реплек да биде предводник на новото време во регионалниот и меѓународниот бизнис, изграден врз силни системи, одржлив раст и луѓе кои создаваат вредност за генерациите што доаѓаат.