За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Esterified Vitamin C 1000 mg HealthAid
HealthAid

Esterified Vitamin C 1000 mg

30 таблети

Општи информации

Витамин Ц во некиселинска форма на калциум аскорбат, во комбинација со цитрусни биофлавоноиди, ацерола, шипка, рутин и кверцетин. Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, нормално создавање колаген, зголемена апсорпција на железо и намалување на заморот и исцрпеноста.

Да не се надминува препорачаната дневна доза, освен ако поинаку не е советувано од соодветно квалификувано лице.

1 таблета содржи: витамин Ц (како калциум L-аскорбат) 1000 мг; комплекс на цитрусни биофлавоноиди 100 мг (минимум 35% хесперидин); ацерола 30 мг (минимум 25% витамин Ц); шипка 30 мг; рутин 30 мг; кверцетин 30 мг.

Помошни супстанции: средство за зголемување на волуменот (микрокристална целулоза, дикалциум фосфат); средство против згрутчување (силициум диоксид, растителен магнезиум стеарат); облога [поливинилпиролидон (ПВП)].

Возрасни и деца над 12 години: една таблета дневно, со храна.

Граничен производ.

Да не се употребува при преосетливост на која било состојка.

Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Нема податоци за можни интеракции со други лекови или медицински производи.

Да се чува на ладно и суво место, недостапно за деца. Да не се употребува по истекот на рокот означен на пакувањето.