Инспиративна средина
Позитивна работна култура која поттикнува учење, соработка и професионален развој.
Стани дел од Генерација-РЕ – заедница на луѓе кои го градат идниот фармацевтски пејзаж.
Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето?
Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?
Доколку сакате да се РЕализирате и сакате да сте дел од Генерација-РЕ, продолжете подолу.
Позитивна работна култура која поттикнува учење, соработка и професионален развој.
Континуирана едукација и менторство од менаџмент посветен на вашиот професионален напредок.
Транспарентен систем за признавање на индивидуални и тимски постигнувања.
Организациска култура која го почитува и поддржува секој член на тимот.
Организирана дневна исхрана за сите вработени како дел од грижата за добросостојба.
Награди и бонуси врз основа на постигнати компаниски и тимски таргети.
Испрати CV и мотивациско писмо. Наведи го профилот за кој си заинтересиран/а.
Воведен разговор со HR тимот за запознавање и разјаснување на очекувањата.
Разговор со менаџер на тимот, фокусиран на стручни знаења и искуство.
Финална понуда и договор. Добредојде во Генерација-РЕ.
Пријави се
Во вашата порака наведете ја областа за која сте заинтересирани. Кога ќе се јави потреба за работно место согласно вашите квалификации, нашиот тим за човечки ресурси ќе ве контактира.
Реплек е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.