Следејќи ги современите трендови за комуникација со потрошувачите и претставување на производите, како своја подружница Реплек го отвори KA информативниот центар кој е наменет за информирање за производите на база на медицински канабис.

Производите на база на медицински канабис (ЦБД) се достапни во портфолиото на Реплек уште од 2016 година. Моменталното портфолио вклучува три масла на база на ЦБД кои на пазарот се достапни под брендот Каноил (Каноил 10%, Каноил 20% и Каноил 30%), како и вагитории под истиот бренд. Исто така нашето портфолио вклучува и пет различни кремови за лице на база на ЦБД под брендот Канабо.

За сите овие производи, потрошувачите може да се информираат во КА информативниот центар, кој се наоѓа на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 36/1-4, Скопје (спроти трговскиот центар „Рамстор“).
Закажување термин за консултација е можно на телефонскиот број +389 71 348 856 или преку е-маил адресата [email protected].
Центарот е отворен секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.