декември 14, 2022
СИЦ е функционално цревно заболување што се карактеризира со појава на стомачна болка и променето цревно празнење (промена во фреквенцијата или конзистенцијата на столицата). Кај еден пациент може да доминира дијареја, опстипација или и двете форми.
Кои се симптомите на СИЦ?
Пациентите со СИЦ најчесто се жалат на стомачни болки, цревни грчеви, подуеност, гасови, дијареја и/или опстипација.
Постои ли специфичен дијагностички метод со кој се докажува СИЦ?
Не, не постои специфичен тест со кој болеста со сигурност се докажува. Дијагнозата ја поставува лекар преку одговорите на некои специфични прашања поврзани со Вашите тегоби. Дополнително, исклучување на присуството на друга гастроентеролошка состојба, исто така може да помогне во поставувањето на дијагнозата.
Колку долго и на кој начин се лекува СИЦ?
Вообичаено, кај поголемиот број пациенти, болеста ќе биде присутна во текот на целиот живот. Постојат тераписки модалитети што може да ги ублажат Вашите симптоми, но не постои средство што целосно би ја излекувало болеста. Сепак, со добра комуникација и соработка со лекар, кај поголемиот број пациенти се постигнува задоволителна контрола на болеста. Кај пациентите со благи и повремени симптоми, состојбата вообичаено се контролира со хигиено-диететскиот режим, додека, пак, кај пациентите со почести и потешки симптоми се препорачува медикаментозен третман.
Што може да преземам за да се чувствувам подобро?
Кои групи лекови се користат во третманот на СИЦ?
Референци: https://www.uptodate.com/contents/irritable-bowel-syndrome-beyond-the-basics
Науч.сор. д-р Елена Цуракова Ристовска
ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија Скопје