Нашата приказна

Реплек е компанија која 80 години гради успешна приказна, на македонскиот пазар но и на меѓунарoдниот пазар. Низ годините се менуваме, иновиравме и креиравме синергија од различни искуства, растевме заедно со нашите вработени. Денес, броиме 400 високо квалификувани вработени, ентузијасти водени од визијата на успешност, квалитет и производи кои се препознатливи.

Нашата стратегија

Фокусирани сме кон креирање на производи кои имаат за цел да овозможат подолг и подобар квалитет на животот. Сите работни процеси се во рамки на етичкото работење, работење со највисоки стандарди како и согласно новите потреби од модерниот начин за живот. Тежнееме да креираме индивидуален пристап за нашите корисници. Тежнееме да креираме добросостојба.

Нашата визија е секогаш да ги пратиме потребите на нашите корисници, да ги следиме нивните животни навики, да креираме заеднички подобра иднина. Сето ова го правиме со огромна страст кон работата, кон истражувањето и со голема храброст да ги исполниме вашите очекувања.

Веќе 80 години, посветено работиме на производи кои се присутни во сечие секојдневие. Притоа инвестираме во поголеми и подобри капацитети, превземаме ризици и наоѓаме нови иновативни решенија за да понудиме подобар и поквалитетен живот, полесно завршување на секојдневните обврски, повеќе енергија, повеќе квалитетно време со вашите најмили.

Работиме денес, за нашата заедничка добросостојба!

Нашето работење

Работењето на Реплек претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето. Секогаш сме отворени за нови идеи, го цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените. Ја цениме секоја храбра идеа, го поддржуваме секој иновативен исчекор. Се позиционираме да оствариме лидерска позиција на домашниот пазар како и на меѓународните пазари. Реплек остварува одлични резултати низ годините, на домашниот пазар како и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји ширум светот.

Нашите клучни активности се:

• Развој и истражување
• Производство
• Регистрација и позиционирање на производи на постоечки и на нови пазари
• Складиштење и дистрибуција
• Маркетинг поддршка за нови производи
• CRM

Запознај се со тимот

Душан Пецовски

Генерален Директор
Претседател на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Предизвиците, можноста за раст, секојдневните комуникации со луѓето. Визијата и вредностите кои ги градиме.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Не го постигнувам балансот, но се трудам. Пешачење и скијање.

 

Кое е вашето мото?

Цел без план, е само желба.

Коста Котески

Директор на Снабдување и Комерција / Заменик Генерален Директор
Член на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Синергијата од претходни искуства и научени лекции, можноста за раст.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Велосипедизам, скијање и трчање

 

Кое е вашето мото?

Ограничувања постојат, само ако ги креираш.

 

Марјан Велковски

Директор на Оператива
Член на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Влијанието кое го имаме во секојдневието. Можноста за креирање на подобра иднина.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Трчање, планинарење, пливање и сите индивидуални спортови ми се секогаш предизвик.

 

Кое е вашето мото?

Не можеш да ја победиш личноста, која никогаш не се откажува.

Панче Гелевски

Директор на Продажба и Маркетинг
Член на Управниот Одбор

Што ве инспирира на работното место?

Тимот, желбата и визијата да се гледа напред.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Алпинизам, здрава храна од нашата кантина и многу смеење.

 

Кое е вашето мото?

Секогаш се чини невозможно, се додека не се заврши.

Тања Иванова Ѓорѓиевска

Директор на сектор Луѓе

Што ве инспирира на работното место?
Луѓето – нивната енергија, посветеност и стремеж кон подобро.

 

Како се грижите за вашето здравје?
Баланс, активност и позитивен став.

 

Кое е вашето мото?

Биди промената што сакаш да ја видиш во другите.

Марија Талеска Велковски

Директор на сектор Стратешки Развој

Што ве инспирира на работното место?

Ме инспирира можноста да креирам позитивни промени и да го поттикнувам развојот на компанијата и тимот. Верувам дека вистинската сила на една организација лежи во луѓето, нивната посветеност и иновативност. Фокусирана сум на создавање средина во која секој може да го даде својот максимум и да се чувствува исполнето од својата работа.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Балансот е клучен – се трудам да го одржувам преку редовна физичка активност (трчање и планинарење), здрава исхрана и време за одмор. Истовремено, менталната рамнотежа е подеднакво важна, па посветувам време на активности што ме полнат со енергија, како што се читање, прошетки и квалитетно време со семејството и пријателите.

 

Кое е вашето мото?

„Предизвиците не се пречки, туку можности за раст.“

Офелија Петковиќ

Директор на сектор Финансии

Што ве инспирира на работното место?

Ме инспирира можноста преку бројки да раскажам приказна што води до вистински одлуки и раст. Кога стратегијата, луѓето и резултатите се усогласени – тогаш знам дека сме на вистинскиот пат.

 

Како се грижите за вашето здравје?

Верувам дека за да водиш со јасна визија, прво треба да се грижиш за себе. Секојдневното движење, балансирана исхрана и моментите на тишина ми помагаат да бидам најдобрата верзија од себе – и во работата и надвор од неа.

 

Кое е вашето мото?

Финансии се факти – лидерството е влијание.

Татјана Голиќ

Директор на сектор Снабдување

Што ве инспирира на работното место?

Ме инспирира решавањето на проблемите во работењето, соочувањето со нови предизвици, учењето на нови вештини и најмногу од сѐ да го пренесам своето знаење на помладите колеги

 

Како се грижите за вашето здравје?

Ги прифаќам сите предизвици, но лечам состојби со дисциплина

 

Кое е вашето мото?

Решавање на проблеми со знаење и креативност