септември 22, 2022
Низ годините, со јасно одредена цел и посветеност успеавме да создадеме современа фармацевтска компанија која работи според највисоките стандарди на фармацевтската индустрија. Ги следиме светските научни трендови и ги имплементираме во производство на висококвалитетни генерички лекови. Континуирано вложуваме во иновативни технологии, отвараме нови терапевтски можности и создаваме вредности за идните генерации.
Нашата цел ја реализираме доследно почитувајќи ги компаниските вредности, вработените, клиентите и партнерите, градејќи основи за долгорочна соработка и доверба. Нашата визија е да бидеме помеѓу десетте водечки компании на пазарите каде сме присутни. До сега производите ги пласираме во повеќе од 25 земји, на сите пет континенти и неуморно работиме на освојување на нови странски пазари.
Јубилејната 2021 година ја посветувеме на децата, бидејќи тие се нашата иднина. Во чест на заедничкиот јубилеј и на М-р Душан Туџаров кој е покровител на СОС Детско село од самото основање, ја продолжуваме традицијата на солидарност и отвараме ново подглавје во реализирање на клучните вредности како општествено одговорна компанија.
Со компаниски донации и хуманитарни активности, помагаме во реализација на мисијата на СОС Детското село “Обезбедуваме топол дом, грижа и љубов за секое дете”.
Подржете ја кампањата, помогнете на децата без родители!
Линк за индивидуални донации https://sos.org.mk/doniraj/
Линк за онлине нарачка https://grouper.mk/shop/green-shop