За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Медиа центар
Актуелно 02.11.2026

РЕ+ програми за поддршка за вработените и нивните семејства

Во рамките на РЕсет платформата, Реплек креираше посебни РЕ+ програми за поддршка на родителството, со цел да обезбеди дополнителна грижа и поддршка за вработените во различни фази од нивниот семеен живот.

Преку овие програми ја потврдуваме нашата посветеност на создавање работна средина во која се препознаваат и почитуваат потребите на родителите, се поттикнува рамнотежата меѓу професионалниот и приватниот живот и се негува култура на грижа, разбирање и поддршка.

Се реализираат следните програми:

  • РЕ+ | Родителска поддршка за нови татковци
  • РЕ+ | Родителска поддршка за самохрани родители/старатели
  • РЕ+ | Родителска поддршка за враќање на работа по породилно отсуство
  • РЕ+ | Семејство и развој за менторска поддршка за децата на вработените

РЕ+ програмата за родителска поддршка за нови татковци има за цел да им овозможи на новите татковци вработени во Реплек да добијат 5 дена платен одмор по раѓање или посвојување дете. Програмата е дел од стратегијата за поддршка на семејствата и подобрување на рамнотежата меѓу работата и приватниот живот.

РЕ+ програмата за родителска поддршка за самохрани родители/старатели ја одразува посветеноста на Реплек кон еднакви можности, социјална инклузија и грижа за реалните животни околности на вработените. Обезбедува грижа и поддршка за самохраните родители / старатели вработени во Реплек преку создавање на услови кои ќе им помогнат полесно да ги усогласат работните и семејните обврски, преку флексибилно работно време, финансиска и психолошка поддршка, менторство и заедница.

РЕ+ програмата за родителска поддршка за враќање на работа по породилно отсуство овозможува полесен и постепен премин од породилно отсуство кон редовни работни обврски и е дел од иницијативите за подобрување на балансот меѓу приватниот и професионалниот живот.

РЕ+ програмата за семејство и развој за менторска поддршка за децата на вработените се темели на корпоративно волонтирање преку кое вработените се вклучуваат како ментори за децата на своите колеги, со поддршка во учење и развој.