За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС Додатоци во исхрана
Додатоци во исхрана

ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС

Реплек Фарм

Додаток на исхрана – магнезиум и витамин B6

Општи информации

ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС филм-обложените таблети се комбинација на магнезиум и витамин Б6, супстанции кои се важни за метаболизмот.

Магнезиум е минерал од големо значење за организмот. Неопходен е за снабдување на клетките со енергија и игра значајна улога во активација на ензимите.

Витамин Б6 е есенцијален витамин кој е растворлив во вода и кој треба да се внесува со храна или со користење производи кои содржат витамин Б6, со оглед на тоа што не се создава ниту се складира во телото.

Додатокот на исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.

Магнезиумот кој влегува во состав на ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС филм-обложените таблети придонесува за:  

  • Нормален енергетски метаболизам.
  • Нормална функција на невромускулниот систем.
  • Одржување на нормални коски.

Витаминот Б6 кој влегува во состав на ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС филм-обложените таблети придонесува за:  

  • Нормална функција на нервниот систем.
  • Нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Протеинскиот метаболизам на клетките.

Исто така, има улога во создавање на црвените крвни клетки.

  • Возрасни и деца над 14 години: 1-3 таблети дневно
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза
  • Таблетите се филм-обложени; да се земаат по оброк со вода

По 1 таблетка

Состојка 1 филм-обложена таблета 3 филм-обложени таблети % ПДВ*
Магнезиум (како магнезиум лактат) 50 mg 150 mg 43%
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 2 mg 6 mg 429%

* ПДВ = Препорачано Дневно Внесување

Кутија 30 филм-обложени таблети

Додаток на исхрана Содржи лактоза