За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
ФОРВИТА® + Se Додатоци во исхрана
Додатоци во исхрана

ФОРВИТА® + Se

Реплек Фарм

Додаток на исхрана – витамини А, Ц, Е и олигоелемент Селен

Општи информации

ФОРВИТА® + Se капсулите претставуваат комбинација од повеќе компоненти, есенцијалните витамини А, Ц, E и олигоелементот Селен, потребни за нормално функционирање на организмот.

Додатокот на исхрана не треба да се користи како замена за разновидна исхрана.

Витамин A придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на
нормална кожа и мукозни мембрани и одржување на нормален вид. Има улога во процесот на диференцирање на клетките и придонесува за нормален метаболизам на железо.

Витамин Ц придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коските, ‘рскавицата, кожата, забите и непцата. Ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормален енергетски метаболизам.

Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес (заштита на ДНК, протеини и липиди од оксидативно оштетување).

Селен придонесува за нормална функција на тироидната жлезда, за нормална сперматогенеза и за одржување на нормални коса и нокти. Исто така, придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормална функција на имунолошкиот систем.

  • Возрасни: една капсула дневно
  • Да се зема со оброк
  • Да не се надминува препорачаната дневна доза

1 капсула:

  • Витамин A – 945 µg
  • Витамин C – 55 mg
  • Витамин E – 15 mg
  • Селен – 50 µg

Кутија со 30 капсули

Додаток на исхрана Содржи лактоза