За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Реконазол® шампон OTC производи
OTC производи

Реконазол® шампон

Реплек Фарм

Ketoconazole 2%

Општи информации

РЕКОНАЗОЛ® шампонот содржи кетоконазол. Кетоконазол припаѓа на групата на лекови т.н. антимикотици. РЕКОНАЗОЛ® шампонот делува така што ги убива габите кои предизвикуваат инфекција и го спречува нивното повторно јавување.

РЕКОНАЗОЛ® шампонот се употребува за лекување на габични инфекции на скалпот и телото, како што се:

  • првут.
  • суво или мрсно лупење на скалпот или други делови на телото наречено себороичен дерматитис.
  • бели до кафени флеки на телото, кои понекогаш се појавуваат после изложеност на сонце, наречени тинеа версиколор или питријасис версиколор.

Овие состојби може да бидат проследени со чешање. Предизвикани се од габички наречени Маласезија. Овие габички се наоѓаат на кожата на секого, меѓутоа понекогаш може да се намножат и да предизвикуваат проблеми.

Колку често да го употребувате РЕКОНАЗОЛ® шампонот
Препорачаната доза е:

При појава на првут или суво или мрсно лупење на кожата

  • Почнете со употреба на шампонот два пати неделно.
  • Шампонот треба да го нанесувате секој 3 или 4 ден, во период од 2 до 4 недели.
  • Потоа, шампонот треба да го нанесувате еднаш на секои 1 до 2 недели, за да се спречи повторно јавување на симптомите.

При појава на бели до кафени флеки на кожата

  • Шампонот треба да го нанесувате на флеките на кожата, еднаш на ден, до најмногу 5 дена.

Употреба на РЕКОНАЗОЛ® шампонот

  • Нанесете го шампонот на косата или зафатените делови на кожата.
  • Оставете го 3 до 5 минути.
  • Шампонот измијте го темелно.
  • 1 g шампон содржи 20 mg кетоконазол
  • Шише со 120 ml шампон 2%
Само за надворешна примена Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: D01AC08