За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Парацетамол таблети OTC производи
OTC производи

Парацетамол таблети

Реплек Фарм

Paracetamol 500 mg

Општи информации

Парацетамол е дериват на парааминофенолот и спаѓа во групата на неопијатни аналгетици. Дејството на парацетамолот е ублажување на болката и намалување на покачената телесна температура.

Парацетамол таблетите се употребуваат за ублажување на блага до умерена болка при:

  • главоболка, мигрена
  • невралгија (остра болка по должина на нерв)
  • забоболка
  • болки во грлото
  • менструални болки
  • симптоматско ублажување на ревматски болки
  • при грип или настинки придружени со покачена телесна температура

Возрасни, постари пациенти и деца над 12 години:

  • 2 таблети на секои 4 часа
  • Максимална доза: 8 таблети во тек на 24 часа

Деца од 6 до 12 години:

  • ½ (половина) до 1 таблета на секои 4 часа
  • Максимална доза: 4 таблети во тек на 24 часа
  • Да не се дава кај деца под 6 години.

Доколку симптомите траат повеќе од три дена, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

1 таблета содржи:

  • 500 mg парацетамол
  • Кутија со 500 таблети
Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: N02BE01