Селенот од овој комплекс има позитивни ефекти врз кардиоваскуларните, респираторните и хепаталните пореметувања, пречките во видот, а ја подобрува и општата отпорност кон инфективни заболувања на организмот.
Витамин А, Витамин Ц, Витамин Е, Селен
капсули

ФОРВИТА® + Se капсулите претставуваат комбинација од повеќе компоненти, есенцијалните витамини А, Ц, E и олигоелементот Селен, потребни за нормално функционирање на организмот.
Витамин A придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, одржување на
нормална кожа и мукозни мембрани и одржување на нормален вид. Има улога во процесот на диференцирање на клетките и придонесува за нормален метаболизам на железо.
Витамин Ц придонесува за нормално формирање на колаген за нормална функција на крвните садови, коските, ‘рскавицата, кожата, забите и непцата. Ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Исто така, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормален енергетски метаболизам.
Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес (заштита на ДНК, протеини и липиди од оксидативно оштетување).
Селен придонесува за нормална функција на тироидната жлезда, за нормална сперматогенеза и за одржување на нормални коса и нокти. Исто така, придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормална функција на имунолошкиот систем.
ФОРВИТА® + Se капсулите претставуваат добро избалансиран додаток на исхраната и овозможуваат дополнување во исхраната со наведените витамини и селен.
Возрасни: една капсула ФОРВИТА® + Se дневно.
Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
Пред употреба на производот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако сте бремени или доите, земате други лекови или имате било каков медицински проблем.
Производот да не се употребува доколку постои преосетливост на некоја од составните компоненти на производот. Доколку се појави преосетливост, треба да се престане со употреба.
ФОРВИТА® + Se капсулите содржат шеќер лактоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој производ контактирајте го лекарот.
1 капсула содржи: 945 μg Витамин A, 55 mg Витамин Ц, 15 mg Витамин Е и 50 μg Селен.
Состав | 1 капсула | * (%) ПДВ |
Витамин A | 945 μg | 118 |
Витамин Ц | 55 mg | 69 |
Витамин Е | 15 mg | 125 |
Селен | 50 μg | 91 |
*Препорачано Дневно Внесување
Кутија со 30 капсули и внатрешно упатство.