октомври 3, 2022
Витаминот Д е липосолубилен витамин кој се создава во организмот со изложување на ултравиолетови (УВ) зраци од сончевата светлина, или како и со додатоци на исхраната во форма на витамин D3 (Cholecalciferol) витамин D2 (Ergocalciferol).
Основна физиолошка функција на витамин Д е одржување на серумските концентрации на калциум и фосфор на ниво кое ги поддржува клеточните процеси, невромускулната функција и формирањето на коските. Витаминот Д има важна улога во растот и развојот, нормалната минерализација и одржувањето на коските и забите. Исто така, витаминот Д е значаен за нормалната функција на мускулите. Овој витамин има важна функција во регулирањето на делбата и диференцијацијата на клетките.
Витаминот Д има важна улога во регулирање на функционирањето на имуниот систем и имуниот одговор.
Особено важно е да се обрне внимание на соодветен внес на витамин Д во периодите од годината кога е намалена изложеноста на УВ зраците. Исто така, соодветно внесување на овој витамин е важно кај деца во период на раст и развој. Витаминот Д е значаен и за постарите лица, кај кои овој витамин може да го намали ризикот од фрактури на коските.