Главен и извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје,
Со образование во електротехника и информатички технологии и искуство во светот на финансии го спојува техничкото знаење со инвестициската интуиција.
Поседува лиценца за осигурителен брокер издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. Посетувал многубројни специјализирани обуки и семинари во областа на менаџмент, осигурување, продажба, комуникациски вештини и реторика во Австрија, САД на Kellogg School of Management, Хрватска и Македонија. Учествувал во многубројни интерактивни настани за обука на соработниците на ВФП АД Скопје, при што има одржано стручни предавања на темите осигурување, продажба и комуникациски вештини.
Негова страст е разбирањето на пазарите преку податоци и технологија, со цел донесување информирани и иновативни финансиски одлуки.