KANOIL RЕBALANCE 10% CBD®

10 ml маслен раствор, 1000 mg CBD


Пакување:

Стаклено шише со капалка, 10 ml

Начин на изавање:

Без рецепта

Код на прозводот:


KANOIL RЕBALANCE 10% CBD

10 ml маслен раствор, 1000 mg CBD


Type:

Стаклено шише со капалка, 10 ml

Condition:

Без рецепта

Code:


Општи податоци

KANOIL REBALANCE е маслен раствор, со висока концентрација на канабидиол (CBD) – 1000 mg CBD во 10 ml масло. KANOIL REBALANCE содржи маслен екстракт кој е добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението канабис или коноп. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт. Eкстрактот e со докажано отсуство на пестициди и хербициди.

Користење

KANOIL REBALANCE содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), но и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија.

Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и може да имаат имуномодулаторно дејство (го подобруваат имунолошкиот одговор), противвоспалително, антиоксидантно, антипролиферативно, антиеметично, аналгетско, анксиолитично, невропротективно, вазопротективно, кардиопротективно, и други дејства.

Позитивни ефекти при употреба на KANOIL REBALANCE се манифестираат при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија;
  • Замор и несоница;
  • Невропатска болка и невралгии;
  • Гадење и повраќање, посебно за време на  хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања;
  • Нарушен баланс на цревната флора;
  • Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер);
  • Мускулни спазми;
  • Епилептични синдроми во детска возраст.

Може да се употребува и за:

  • Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно;
  • Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта);
  • Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес;
  • Може позитивно да делува при различни состојби на кожата;
  • Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест;
  • Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест;
  • Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест;
  • Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис;
  • Општа поддршка на здравјето и имуниот систем

Начин на употреба:

  • Пред употреба треба добро да се протресе.
  • Со пипетата капнете ги капките под јазик и задржете ги приближно 60 секунди, потоа голтнете.
  • Возрасни и деца над 14 години: Препорачана доза е 6 капки, двапати дневно (околу 48 mg CBD дневно).
  • Деца до 14 години: Препорачана доза е 1–2 капки еднаш дневно (4–8 mg CBD дневно).

Приспособување на дозата: Во согласност со индивидуалните потреби и по совет на лекар, дозата може постепено да се зголеми.

Важно при користење

KANOIL REBALANCE не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

  • Природни состојки
  • Без глутен
  • Без лактоза
  • Погоден за вегетаријанци и вегани
  • Може да го користат лица со дијабетес

Состав

  • 1000 mg CBD (Cannabidiol) – природен канабиноид
  • MCT масло
  • THC < 0,2% – во количина која нема психоактивно дејство
  • Природни канабиноиди (CBN, CBG и др.)
  • KANOIL REBALANCE може да содржи и терпени, флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни  во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба.

Пакување

Стаклено шише со капалка, 10 ml

KANOIL REBALANCE е маслен раствор, со висока концентрација на канабидиол (CBD) – 1000 mg CBD во 10 ml масло. KANOIL REBALANCE содржи маслен екстракт кој е добиен со суперкритична CO2 екстракција од растението канабис или коноп. Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт. Eкстрактот e со докажано отсуство на пестициди и хербициди.

Слични Производи