ФОРВИТА® витамини и минерали®

Додаток на исхрана

Идеална комбинација на витамини и минерали за добро здравје и имунитет

Се препорачува при:

  • зголемена телесна активност (активен и рекреативен спорт)
  • недоволно искористување на храната (стари луѓе, пушачи, алкохоличари)
  • состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана (диети, гладување, сува храна)
  • состојби на зголемено губење на минерали (повраќање, проливи, интензивни менструации, силно потење)
  • за подобрување на растот и апетитот

Пакување:

Комбинација на витамини и минерали

Начин на изавање:

капсули

Код на прозводот:


ФОРВИТА® витамини и минерали

Додаток на исхрана

Идеална комбинација на витамини и минерали за добро здравје и имунитет

Се препорачува при:

  • зголемена телесна активност (активен и рекреативен спорт)
  • недоволно искористување на храната (стари луѓе, пушачи, алкохоличари)
  • состојби на неадекватна, нередовна и еднолична исхрана (диети, гладување, сува храна)
  • состојби на зголемено губење на минерали (повраќање, проливи, интензивни менструации, силно потење)
  • за подобрување на растот и апетитот

Type:

Комбинација на витамини и минерали

Condition:

капсули

Code:


Општи податоци

ФОРВИТА® витамини и минерали капсулите се комбинација на витамини и минерали.

Витамините се супстанции со висока биолошка вредност, кои учествуваат во регулирање на низа биохемиски процеси во организмот. Витамин Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витамин Д придонесува за одржување на нормални коски и нормални заби и за нормална апсорпција на калциум. Витамините Б1, Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем. Дополнително, витамините Б1, Б2, Б3, Б6, Б12 и пантотенска киселина придонесуваат за нормален енергетски метаболизам. Исто така, витаминот Б3 придонесува за одржување на нормална кожа. Витамин  А придонесува за одржување на нормален вид и за одржување на нормални мукозни мембарни. Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативно оштетување. Витамин К1 придонесува за нормална коагулација на крвта и за одржување на нормални коски. Фолната киселина има улога во клеточната делба, придонесува за нормална синтеза на аминокиселини и придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки.

Минералите и олигоелементите се важни за организмот. Тие се составни компоненти на сврзното ткиво, како и активатори и компоненти на ензими и хормони. Магнезиум придонесува за нормален енергетски метаболизам, нормална функција на невромускулниот систем и одржување на нормални коски. Цинк, бакар и селен придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормална функција на имунолошкиот систем. Исто така, цинкот придонесува за одржување на нормална кожа, коса и нокти, како и за одржување на нормална плодност и репродукција кај жените и мажите во  репродуктивниот период. Селен придонесува за нормална сперматогенеза и за нормална функција на тироидната жлезда. Манган придонесува за нормален енергетски метаболизам и за создавање и одржување на нормално сврзно ткиво. Хром помага во одржување на нормално ниво на глукоза во крвта. Железо придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки и хемоглобин, за нормална функција на имунoлошкиот систем и за намалување на заморот и исцрпеноста.

ФОРВИТА® витамини и минерали капсулите може да се употребуваат при зголемена телесна активност или при состојби кога се зголемени потребите за витамини и минерали.

 

 

Користење

Возрасни (вклучувајќи ги и децата над 14 годишна возраст): 1 капсула на ден.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Производот како додаток на исхрана не треба да се користи како замена на разновидната исхрана

Важно при користење

Пред употреба на производот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако сте бремени или доите, земате други лекови или имате било каков медицински проблем.

Производот да не се употребува доколку постои преосетливост на некоја од составните компоненти на производот. Доколку се појави преосетливост, треба да се престане со употреба.

ФОРВИТА® витамини и минерали капсулите содржат шеќер лактоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој производ контактирајте го лекарот.

Состав

Една капсула ФОРВИТА® витамини и минерали во својот состав содржи:

Состав 1 капсула *(%) ПДВ
Витамин А 1.03 mg 129
Витамин Ц 60 mg 75
Витамин Д3 7.5 μg 150
Витамин Е 15 mg 125
Витамин Б1 1.2 mg 109
Витамин Б2 1.3 mg 93
Витамин Б6 1.5 mg 107
Витамин Б12 2.4 μg 96
Фолна киселина 400 μg 200
Пантотенска киселина 10 mg 166
Витамин Б3 15 mg 94
Витамин К1 45 μg 60
Магнезиум 100 mg 27
Железо 15 mg 107
Цинк 11 mg 110
Бакар 0.9 mg 90
Селен 30 μg 55
Манган 2.3 mg 115
Хром 25 μg 63
Молибден 20 μg 40

*Препорачано Дневно Внесување

Пакување

Кутија со 30 капсули и внатрешно упатство.

ФОРВИТА® витамини и минерали капсулите се комбинација на витамини и минерали.

Витамините се супстанции со висока биолошка вредност, кои учествуваат во регулирање на низа биохемиски процеси во организмот. Витамин Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, ја зголемува апсорпцијата на железо и придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Витамин Д придонесува за одржување на нормални коски и нормални заби и за нормална апсорпција на калциум. Витамините Б1, Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем. Дополнително, витамините Б1, Б2, Б3, Б6, Б12 и пантотенска киселина придонесуваат за нормален енергетски метаболизам. Исто така, витаминот Б3 придонесува за одржување на нормална кожа. Витамин  А придонесува за одржување на нормален вид и за одржување на нормални мукозни мембарни. Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативно оштетување. Витамин К1 придонесува за нормална коагулација на крвта и за одржување на нормални коски. Фолната киселина има улога во клеточната делба, придонесува за нормална синтеза на аминокиселини и придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки.

Минералите и олигоелементите се важни за организмот. Тие се составни компоненти на сврзното ткиво, како и активатори и компоненти на ензими и хормони. Магнезиум придонесува за нормален енергетски метаболизам, нормална функција на невромускулниот систем и одржување на нормални коски. Цинк, бакар и селен придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес и за нормална функција на имунолошкиот систем. Исто така, цинкот придонесува за одржување на нормална кожа, коса и нокти, како и за одржување на нормална плодност и репродукција кај жените и мажите во  репродуктивниот период. Селен придонесува за нормална сперматогенеза и за нормална функција на тироидната жлезда. Манган придонесува за нормален енергетски метаболизам и за создавање и одржување на нормално сврзно ткиво. Хром помага во одржување на нормално ниво на глукоза во крвта. Железо придонесува за нормално формирање на црвените крвни клетки и хемоглобин, за нормална функција на имунoлошкиот систем и за намалување на заморот и исцрпеноста.

ФОРВИТА® витамини и минерали капсулите може да се употребуваат при зголемена телесна активност или при состојби кога се зголемени потребите за витамини и минерали.

 

 

Слични Производи