За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Диклофенак гел OTC производи
OTC производи

Диклофенак гел

Реплек Фарм

Diclofenac 1%

Општи информации

ДИКЛОФЕНАК гелот како активна супстанција содржи диклофенак, кој припаѓа на групата на лекови наречени нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Наменет е за примена на кожа (локална примена) и се употребува за ублажување на болка и намалување на воспалението и отокот кај болни состојби кои ги зафаќаат зглобовите и мускулите.

ДИКЛОФЕНАК гелот може да се користи за третман на:

  • повреди на мускули и зглобови (пример изместување (шинување), истегнување, контузии (набивање), болки во грбот, спортски повреди),
  • воспаление на тетивите (пример тениски лакт),
  • остеоартритис.

Возрасни и деца над 14 години:

  • Полека истиснете мала количина на гел од тубата и нанесете ја на болното или отечено место, со нежно втривање во кожата, 3 до 4 пати на ден.
  • По нанесувањето на гелот, рацете треба да се измијат, освен ако не е потребно да се третираат со гелот.
  • Оставете најмалку 4 часа помеѓу секое нанесување на гелот. Гелот не треба да се употребува повеќе од 4 пати во тек на 24 часа.

Не употребувајте го гелот подолго од 2 недели за повреди на мускули и зглобови (пример изместување (шинување), истегнување, контузии (набивање) или воспаление на тетивите.

1 g гел содржи:

  • Diclofenac sodium 10 mg
  • Гел 1%, туба од 50 g
Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: M02AA15