За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Lungforte™ HealthAid
HealthAid

Lungforte™

30 таблети

Општи информации

Комбинација од N-ацетил-L-цистеин, витамини, растителни екстракти и антиоксиданси за поддршка на респираторниот систем. Витаминот А придонесува за одржување на нормални слузокожи, витаминот Ц за заштита на клетките од оксидативен стрес, а витаминот Д за нормална функција на имунолошкиот систем.

Да не се надминува препорачаната дневна доза, освен ако поинаку не е советувано од соодветно квалификувано лице.

1 таблета содржи: N-ацетил-L-цистеин 300 мг; витамин Ц (аскорбинска киселина) 125 мг; кверцетин 125 мг; ресвератрол 100 мг; екстракт од лист од маслиново дрво 60 мг; прашок од лист од мајчина душица 50 мг; екстракт од лук без мирис 10 мг; витамин А ацетат 400 µг; витамин Д3 (холекалциферол) 5 µг.

Помошни супстанции: средство за зголемување на волуменот (микрокристална целулоза, дикалциум фосфат); средство против згрутчување (растителна стеаринска киселина, растителен магнезиум стеарат).

Возрасни и деца над 12 години: една таблета дневно.

Граничен производ.

Да не се употребува при преосетливост на која било состојка.

Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Нема податоци за можни интеракции со други лекови или медицински производи.

Да се чува на ладно и суво место, недостапно за деца. Да не се употребува по истекот на рокот означен на пакувањето.