Форвита® Б-Комплекс®

Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, Б12

Се препорачува при:

  • недоволно внесување на витамини од групата Б (еднолична исхрана, диети, анорексија, повраќање, шеќерна болест, заболувања на црниот дроб)
  • зголемени потреби за витамини од групата Б (температура, инфекции, зголемена функција на штитната жлезда, зголемен физички напор, бременост, доење)
  • недоволна апсорпција на витамини од групата Б (дијареа, хронични заболувања на органите за варење на храната)
  • недоволна синтеза на витамини од групата Б во цревата (земање на антибиотици и хемотерапевтици)
  • зголемена елиминација на витамини од групата Б (зголемено мокрење)

Пакување:

филм-обложена таблета

Начин на изавање:

Се издава без рецепт

Код на прозводот:


Форвита® Б-Комплекс

Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, Б12

Се препорачува при:

  • недоволно внесување на витамини од групата Б (еднолична исхрана, диети, анорексија, повраќање, шеќерна болест, заболувања на црниот дроб)
  • зголемени потреби за витамини од групата Б (температура, инфекции, зголемена функција на штитната жлезда, зголемен физички напор, бременост, доење)
  • недоволна апсорпција на витамини од групата Б (дијареа, хронични заболувања на органите за варење на храната)
  • недоволна синтеза на витамини од групата Б во цревата (земање на антибиотици и хемотерапевтици)
  • зголемена елиминација на витамини од групата Б (зголемено мокрење)

Type:

филм-обложена таблета

Condition:

Се издава без рецепт

Code:


Општи податоци

ФОРВИТА® Б-комплекс е комбинација на витамини од групата Б и секој од нив има посебна улога во човековиот организам.

Витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем, нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста. Дополнително, витамините Б1, Б3, Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормална психолошка функција. Исто така, витамините Б2, Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормално формирање на црвените крвни клетки. Витаминот Б1 придонесува и за нормална работа на срцето, додека пак витамините Б2 и Б3 придонесуваат за одржување на нормална кожа и нормални мукозни мембрани. Витаминот Б6 придонесува за нормална синтеза на цистеин и за нормален метаболизам на хомоцистеин, протеини и гликоген.  Заедно со витаминот Б12 и фолна киселина придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Витаминот Б12 придонесува и за нормални когнитивни функции и го намалува ризикот за нивно опаѓање со стареењето, додека пак, фолната киселина има улога во клеточната делба и придонесува за нормална синтеза на аминокиселини. Витаминот Б5 придонесува за нормални ментални способности и за нормална синтеза и метаболизам на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери

Користење

Возрасни и деца над 7 годишна возраст: 1 филм-обложена таблета на ден.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.

Важно при користење

Пред употреба на производот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако сте бремени или доите, земате други лекови или имате било каков медицински проблем.

Производот да не се употребува доколку постои преосетливост на некоја од составните компоненти на производот. Доколку се појави преосетливост, треба да се престане со употреба.

ФОРВИТА® Б-комплекс филм-обложените таблети содржат шеќер лактоза. Ако Ви е кажано од Вашиот лекар дека не поднесувате некои шеќери, пред да го употребите овој производ контактирајте го лекарот.

Состав

1 филм-обложена таблета содржи: 1.25 mg тиамин мононитрат (еквивалентно на 1 mg тиамин), 1.2 mg рибофлавин, 10 mg никотинамид, 1.4 mg пиридоксин хидрохлорид, 1.4 μg цијанокобаламин, 100 μg фолна киселина, 5.43 mg калциум пантотенат (еквивалентно на 5 mg пантотенска киселина).

 

Состав 1 филм-обложена таблета *(%) ПДВ
Витамин Б1 (тиамин) 1 mg 91
Витамин Б2 (рибофлавин) 1.2 mg 86
Витамин Б3 (никотинамид) 10 mg 63
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 1.4 mg 100
Витамин Б12 (цијанокобаламин) 1.4 μg 56
Фолна киселина 100 μg 50
Витамин Б5 (пантотенска киселина) 5 mg 83

*Препорачано Дневно Внесување

Пакување

Кутија со 30 филм-обложени таблети и внатрешно упатство.

Кутија со 500 филм-обложени таблети и внатрешно упатство.

ФОРВИТА® Б-комплекс е комбинација на витамини од групата Б и секој од нив има посебна улога во човековиот организам.

Витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција на нервниот систем, нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста. Дополнително, витамините Б1, Б3, Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормална психолошка функција. Исто така, витамините Б2, Б6, Б12 и фолна киселина придонесуваат за нормално формирање на црвените крвни клетки. Витаминот Б1 придонесува и за нормална работа на срцето, додека пак витамините Б2 и Б3 придонесуваат за одржување на нормална кожа и нормални мукозни мембрани. Витаминот Б6 придонесува за нормална синтеза на цистеин и за нормален метаболизам на хомоцистеин, протеини и гликоген.  Заедно со витаминот Б12 и фолна киселина придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Витаминот Б12 придонесува и за нормални когнитивни функции и го намалува ризикот за нивно опаѓање со стареењето, додека пак, фолната киселина има улога во клеточната делба и придонесува за нормална синтеза на аминокиселини. Витаминот Б5 придонесува за нормални ментални способности и за нормална синтеза и метаболизам на стероидни хормони, витамин Д и некои невротрансмитери

Слични Производи