CANNABO Масло за масажа 150mg CBD/150ml®


Пакување:

150 ml масло за масажа

Начин на изавање:

Код на прозводот:


CANNABO Масло за масажа 150mg CBD/150ml


Type:

150 ml масло за масажа

Condition:

Code:


Општи податоци

CANNABO масло за масажа содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп, со докажано отсуство на хербициди и пестициди. CANNABO масло за масажа не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%. CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. CANNABO масло за масажа се употребува за намалување на мускулните грчеви, мускулната напнатост или вкочанетост, како и за ублажување на воспалението и болката во мускулите и зглобовите, по напорен ден или различна физичка активност. CANNABO масло за масажа е богатo масло и претставува иновативна комбинација од CBD, екстрат од масло од семе од коноп, масло од лаванда, витамин Е и бадемово масло. Маслото од семе од коноп ја навлажнува, храни и смирува иритираната кожа, и го поттикнува обновувањето на испукана, иритирана и сува кожа. Маслото од лаванда има противвоспалителни својства, ја смирува иритираната кожа и помага при балансирање на бариерата на влажноста на кожата за да не биде премногу мрсна или сува. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Бадемовото масло има противвоспалителни својства, ги неутрализира слободните радикали одговорни за стареење на кожата, го навлажнува епидермисот и подлабоките слоеви на кожата. Масажата со ова масло ја намалува мускулната напнатост, вкочанетост и мускулните грчеви. CBD со својот природен противвоспалителен ефект го ублажува воспалението и болката во мускулите и зглобовите. Исто така, CANNABO масло за масажа ја храни и негува кожата на телото, особено сувата кожа која бара интензивна нега.

Користење

Се препорачува употреба навечер, со што се овозможува релаксирање на мускулатурата на телото. Истовремено, ја смирува, измазнува и ја негува кожата на телото. Со лесна масажа нанесете го маслото на Вашето тело. По нанесувањето, маслото остава масен заштитен слој на кожата. При употреба, треба да се избегнува контакт со очи.

Важно при користење

CANNABO масло за масажа е наменет само за надворешна употреба. Немојте да го употребувате CANNABO масло за масажа ако сте пречувствителни на која било состојка на маслото за масажа.

Состав

150 ml CANNABO масло за масажа содржи природен екстракт од канабис кој обезбедува 150 mg CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението коноп).

Природен CBD ја навлажнува и смирува кожата, ја забрзува регенерацијата и штити од надворешни штетни влијанија.

Масло од семе од коноп ја храни и обновува сувата испукана кожа.

Масло од лаванда релаксира и ја смирува иритираната кожа.

Витамин Е ги штити епидермалните липиди, колагенските и еластинските влакна и ја омекнува кожата.

Бадемово масло има смирувачки ефект, го намалува црвенилото и го одложува процесот на стареење.

Пакување

Кутија со пластично шише со 150мл масло за масажа и упатство за пациентот.

CANNABO масло за масажа содржи канабидиол (CBD), односно маслен екстракт од растението коноп, со докажано отсуство на хербициди и пестициди. CANNABO масло за масажа не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) односно содржи во количина под 0,2%. CBD се врзува за соодветните рецептори на ендоканабиноидниот систем во кожата и тоа на клетките од површинскиот слој на кожата (епидермис), при што се постигнува противвоспалителен и смирувачки ефект. CANNABO масло за масажа се употребува за намалување на мускулните грчеви, мускулната напнатост или вкочанетост, како и за ублажување на воспалението и болката во мускулите и зглобовите, по напорен ден или различна физичка активност. CANNABO масло за масажа е богатo масло и претставува иновативна комбинација од CBD, екстрат од масло од семе од коноп, масло од лаванда, витамин Е и бадемово масло. Маслото од семе од коноп ја навлажнува, храни и смирува иритираната кожа, и го поттикнува обновувањето на испукана, иритирана и сува кожа. Маслото од лаванда има противвоспалителни својства, ја смирува иритираната кожа и помага при балансирање на бариерата на влажноста на кожата за да не биде премногу мрсна или сува. Витаминот Е ги штити епидермалните липиди, како и колагенските и еластинските влакна на кожата од штетното влијание на околината и ја измазнува и омекнува кожата. Бадемовото масло има противвоспалителни својства, ги неутрализира слободните радикали одговорни за стареење на кожата, го навлажнува епидермисот и подлабоките слоеви на кожата. Масажата со ова масло ја намалува мускулната напнатост, вкочанетост и мускулните грчеви. CBD со својот природен противвоспалителен ефект го ублажува воспалението и болката во мускулите и зглобовите. Исто така, CANNABO масло за масажа ја храни и негува кожата на телото, особено сувата кожа која бара интензивна нега.

Слични Производи