За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Оралсепт® раствор OTC производи
OTC производи

Оралсепт® раствор

Реплек Фарм

Benzydamine hydrochloride 1,5 mg/g, 100 g

Општи информации

Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло се употребува за лекување на болка и воспаление (црвенило, оток и чувство на топлина) во грлото и устата.

Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло содржи бензидамин хидрохлорид, кој спаѓа во групата на лекови наречени нестероидни противвоспалителни лекови (НСАИЛ).

Производот има пријатен вкус со природен екстракт од пеперминт.

Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло се употребува за лекување на различни болни состојби на грлото или устата, вклучувајќи:

  • Воспаление на грло;
  • Воспаление на јазик или непца;
  • Ранички во устата;
  • Непријатност предизвикана од забни протези;
  • Болка по стоматолошка операција.

Возрасни вклучувајќи и постари лица

  • Вообичаена доза е 15 ml раствор (што одговара на 1 голема лажица) на секои 1 ½ до 3 часа.
  • Да се промива устата или да се гаргара со 15 ml раствор, 20–30 секунди, а потоа растворот да се плукне. Немојте да го голтате растворот за испирање на уста и грло.

Употреба кај деца и адолесценти

  • Оралсепт® растворот за промивање на уста и грло не треба да го користат деца на возраст од 12 години и помали.

Растворот се користи неразреден.

Да не се користи подолго од 7 дена, освен ако тоа не Ви го каже Вашиот лекар.

100 g раствор содржи:

  • 0,15 g бензидамин хидрохлорид
  • Шише со 100 g раствор (1,5 mg/g)
Арома пеперминт Содржи засладувач Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: A01AD02