За мое добро - Реплек - За мое добро - Реплек -
Оралсепт® спреј OTC производи
OTC производи

Оралсепт® спреј

Реплек Фарм

Benzydamine hydrochloride 0,15%, 30 ml

Општи информации

Оралсепт® спрејот се употребува за лекување на болка и воспаление (црвенило, оток и чувство на топлина) во грлото и устата. Оралсепт® спрејот содржи бензидамин хидрохлорид, кој спаѓа во групата на лекови наречени нестероидни противвоспалителни лекови (НСАИЛ).

Производот има пријатен вкус со природен екстракт од пеперминт.

Оралсепт® спрејот се употребува за лекување на различни болни состојби на грлото или устата, вклучувајќи:

  • Воспаление на грло;
  • Воспаление на јазик или непца;
  • Ранички во устата;
  • Непријатност предизвикана од забни протези;
  • Болка по стоматолошка операција.
  • Возрасни: 4–8 распрскувања, на секои 1 ½ до 3 часа.
  • Деца 6–12 години: 4 распрскувања, на секои 1 ½ до 3 часа.

Кај деца над 12 години возраст треба да се употребува дозата за возрасни.

  • Деца <6 години:

Дозата зависи од телесната тежина на детето.

1 распрскување од спрејот на секои 4 kg телесна тежина, но не употребувајте повеќе од 4 распрскувања од спрејот одеднаш.

Оваа доза треба да се употребува на секои 1 ½ до 3 часа.

1 ml раствор содржи:

  • 1,5 mg бензидамин хидрохлорид
  • Спреј за уста 0,15% – шише од 30 ml
Арома пеперминт Содржи засладувач Начин на издавање: без рецепт АТЦ код: A01AD02